Во минатото, кога нашите баби не располагале со современите тестови за бременост, се потпирале на овие методи. Некои од овие методи можеби се чудни  и необични, но факт е дека тие се користеле и покажувале резултати.

Зошто да не примениме некои од нив, сепак тие не можат да ни наштетат. Факт е дека и нашите баби во повеќето случаи користеле сопствена урина за да утврдат дали се бремени. Научното објаснување за ова е дека во неа, како и во крвта на трудницата се содржи специфичен хормон,  hCG или хуман хорионски гондатропин, кој се лачи од клетките на растечкиот ембрион. Ви нудиме 15 бабини тестви за бременост:

  1. Тест со сода бикарбона

Сода бикарбона може да се користи во козметички цели, но и за утврдување на присуството на евентуална бременост. Овој метод покажува точност до 70%, што значи дека во овој процент резултатите се совпаѓаат со оние од стандардните тестови.

Потребно е мало количество урина и лажичка сода. Пожелно е користење на стерилен сад за урина. Наполнете го до половина и додадете сода бикарбона. Ако постои промена во неа (почнува да шуми или врие), тоа значи дека сте бремена. Во отсуство на каква било промена во течноста, не постои бременост.

  1. Со жаба

Методот за одредување на бременост со жаба веројатно ви звучи чудно, но бил доста користен во минатото. Утврдено е дека хормонот кој се содржи во урината на бремената жена,  ги тера жабите да овулираат. За да дознаете дали очекувате бебе треба да уринирате врз жаба или да ја внесете во сад со урина. Ако по едно деноноќие забележите дека таа има јајца, тоа значи дека резултатот е позитивен.

  1. Со оцет

Добро познатиот оцет е силен реагенс што се користи како домашно средство за правење на тест за бременост. Изненадувачки е, нели?  Ја користите првата урина. Треба да ја додадете во чаша која содржи оцет (приближно ¼ чаша). Урината и оцет се мешаат, потоа внимателно набљудувајте ја промената на бојата . Ако мешавината предизвика  вриење и запенува за време на додавањето на урината  тоа е знак дека е позитивен тестот.

  1. Со урина

Многу жени се обиделе со овој лесен начин на тестирање и тврдат дека тој работи беспрекорно. Соберете утринската урина во проѕирен пластичен сад и оставете ја недопрена 3-4 часа. Ако урината формира тенок бел филм или меурчиња на површината, тоа е сигурен знак дека сте бремена. Задржувањето  на нејзината бистра и непроменета  боја е знак дека не сте бремена. Друг едноставен метод за тестирање со урина е со додавање на  детергент за перење алишта. Кон собраната урина се додава малку детергент и потоа се набљудува внимателно течноста. Ако течноста почне да врие или пени, жената е бремена.

  1. Со јајце

Со јајце исто така може да дознаете дали сте бремена. Потчукнете едно јајце и  додадете го на претходно собрана урина. Ако настапи промена во конзистенцијата на јајцето и неговата боја, бременоста е присутна.

  1. Со аналгин

Тестот со аналгин е на истиот принцип како тестот со сода бикарбона. Кон собраната урина додадете една таблета аналгин. Ако течноста почне да врие – постои бременост.

  1. Со аспирин

Тестот со аспирин може да се применува при одложување на циклусот. Се смета дека употребата на аспиринот по топол туш се стимулира менструацијата и таа настапува поскоро.Прашањето кое тука се поставува е што се случува со плодот при евентуална бременост и примена на овој тест. Мислењата за ова прашање се контрадикторни. Калифорниски научници сметаат дека земањето на лекот предизвикува негативен исход во повеќето случаи. Други сметаат дека тој во комбинација со хепарин значително го намалува ризикот за повреда на плодот.

  1. Со белило

Со помош на белило исто така може да дознаете дали сте бремена. Соберете  ја првата урина и кон неа додајте малку белилото. Ако добиете сина боја, тестот е позитивен, но ако бојата остане непроменета – резултатот е негативен.

  1. Со паста за заби

Еден од најпознатите домашни тестови за бременост – со паста за заби. Да, правилно  прочитавте! Паста за заби која ја користите секојдневно за  чистење на забите. Зачувајте дел од урината во чист сад. Додадете паста и почекајте неколку минути. Проверете ја  бојата и структурата на смесата. Ако пастата за заби се обои во сино или станала, тоа е сигурен знак дека постои бременост.

  1. Со сапуница

Со помош на сапуница исто така може да се утврди присуството на бременост. Сигурноста на овој метод е со висок процент. Тој е еден од најпознатите бабини тестови за бременост. Процедурата започнува со собирање на урина во мал сад или епрувета. Кон неа се додава малку сапуница. Ако се појават  меурчиња, тогаш тестот е позитивен.

  1. Со глуварче

Методот со глуварче е  уште еден  домашен тест за бременост. Потребно е да  мокрите врз лисјата од растението додека тоа не се потопи целосно. По десет минути  треба да се добива резултатот, ако се појават црвеникави меурчиња, тогаш постои бременост.

  1. Со шеќер

Кристалниот шеќер се користи како реактивна компонента за правење на домашен тест за бременост. Во сад ставете неколку полни лажици со шеќер. Мокрете директно во садот.  Во присуство на вриење на добиениот раствор или пенење, се потврдува бременоста.

  1. Со пченица и јачмен

Уште еден домашен тест, начинот на чие дејство сеуште е мистерија, се прави со пченица и јачмен. Древните Египќанки  благодарение на овој метод  дознавале за полот на нивниот наследник. Едноставно треба да уринирате врз семе од пченица и јачмен.Откако семињата ќе впијат доволно урина, се оставаат цела ноќ да престојат. Ако пченицата започне да ’рти тогаш се смета дека плодот е женско, ако јачменот почне да ’рти тогаш носите машко.

  1. Со црвено вино

Во средниот век жените правеле тестови за евентуална бременост со помош на црвено вино. Кон собрана урина  се додава малку црвено вино. Ако бојата остане непроменета – резултатот е негативен. Ако дојде до промена на бојата, тоа е знак со кој се потврдува дека сте бремена.

  1. Со зелка

Тестот со зелка  го одредува полот на бебето. Исечете на половина една зелка и ставете ја во тенџере со зовриена вода. Оставете ја во текот на десет минути да зоврие, а потоа отстранете садот од огнот и оставете водата да се излади. Прецедете ја течноста во која се варела зелката. Измешајте ја со истото количество уринарна течност. Осигурете се дека двете состојки се во еднакви пропорции. Внимавајте дали бојата на течноста ќе се промени. Ако мешавината ја промени бојата,  ќе имате девојче. Но ако бојата не се промени во црвено или розово,  бидете сигурна дека ќе родите момче.