Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!

Домашни крем кифли

Чудесните меки кифли полнети со неодолив крем се дефинитивно најдобриот начин како да ги воодушевите и вашите најблиски и гостите. Се приготвуваат многу лесно, а еве како може да ги приготвите уште денес!
Вкупно време2 ч
Оброк: Десерт
Кујна: Француска
Клучни зборови: крем бруле, кифлички, кифли, крем кифли, благи кифли
Порции: 4

Состојки

  • 300 гр брашно (+ уште малку за месењето)
  • 1 јајце
  • 80 мл пресно млеко
  • 65 гр кисело млеко
  • 30 гр омекната свинска маст
  • 1 супена лажица масло за готвење
  • 70 гр шеќер (+ уште малку за одозгора на крај)
  • 12 гр свеж квасец

За кремот

  • 500 мл пресно млеко
  • 50 гр ванилино нишесте
  • 70 гр шеќер

Начин на подготовка

  • Прво пригответе го ванилиниот крем, за да може да се излади и затегне, пред употреба. Загрејте 400 мл од млекото со шеќер, додека е готово за зоврие. Тогаш кренете го од оганот и додадете го нишестето, изматено во преостанатото млеко. Мешајте 5 минути и кремот ќе биде готов.
  • Задолжително покријте го садот со кремот со проѕирна фолија, со цел да ја спречите појавата на тврда кора на површината.

За тестото

  • Растворете го квасецот во малку шеќер во лесно затоплено пресно млеко. Оставете го 10 минути да реагира. Изматете го јајцето со шеќер, притоа одделувајќи малку од жолчката за премачкувањето на крај.
  • Пресејте го брашното во садот и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го додадете квасецот, јајцето со шеќерот и киселото млеко. Додадете ја и маста и замесете го тестото. Ако е потребно, додадете уште брашно.
  • Обликувајте го тестото во кора со дијаметар од 34.5 цм. Исечете ја на триаголници и од истите свиткајте ги кифлите, истовремено пополнувајќи ги со крем. Подредете ги во премачкан сад за печење или покриен со хартија за печење и оставете ги да отстојат 1 час, со цел да го зголемат нивниот обем.
  • Премачкајте ги кифлите со смеса од изматена жолчка со вода и масло, нанесете на крај одозгора шеќер и поставете ги да се печат 20 минути во загреана рерна на 190°C до добивање златна боја.