Ленените семиња се извонредна храна за консумирање, корисна за нашето здравје, но денес ви откриваме како истата може да ви помогне и за козметички цели, поконретно како може да ви помогне доколку страдате од косопад.

Домашна маска против интензивен косопад

Потребни состојки

  • 50 гр ленени семиња
  • 250 мл вода
  • 1 супена лажица сок од лимон

Начин на подготовка и употреба

Поставете ги ленените семиња и водата во тенџере и поставете ги на оган. Доведете ја смесата до вриење, притоа варете на слаб оган, додека смесата започне да се згуснува.

Исипете го сокот од лимон и добро измешајте ги состојките. Исклучете го оганот веднаш штом смесата ќе добие текстура на желе. Оставете ја истата да се излади, а потоа прецедете.

Нанесете ја маската по миење на косата. Нанесете дебел слој на вашиот скалп, притоа разделувајќи ја косата на повеќе делови и нанесувајќи ја смесата на целата должина. Завиткајте ја косата во шапка за туширање и крпа и остаете ја смесата да дејствува 30 минути. На крај од процедурата, измијте ја косата со топла вода.