Зелениот чај е познат по множеството придобивки за здравјето, но дали знаете дека покрај за организамот, оваа чудесна состојка е неверојатно корисна и за кожата и косата?

Благодарение на изобилството на антиоксиданти и останатите лековити својства, зелениот чај е неверојатно моќно средство кое извонредно ја затегнува кожата, ја хидратира и прочистува, а со тоа и значително ја подмладува.

Оваа чудесна маска ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ги елиминира сите штетни бактерии.

Моќна маска од зелен чај за затегнато лице

Потребни состојки

  • 2 кафени лажици зелен чај
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 супена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Направете доволно зелен чај колку за една кафена шолја, а потоа оставете го истиот да се излади. Потоа додадете ги кон чајот и останатите состојки, добро измешајте и нанесете ја добиената смеса врз лицето и вратот. Оставете ја маската да дејствува 30-35 минути, а потоа исплакнете го лицето со ладна вода.

Ако го практикувате овој домашен третман 2-3 пати неделно, набрзо ќе ги забележите посакуваните резултати.