Добри вести – Постојат неколку брзи и лесни работи, кои може да ги направите, за да ги одржите вашите стапала нежни и меки во текот на целата година, притоа секогаш да се чувствувате удобно.

Покрај тоа што редовно треба да употребувате пемза или турпија, откако претходно ќе ги потопите стапалата во топла вода, за да омекнат, денес ви откриваме и чудесен рецепт за домашна крема благодарение на која вашите стапала секогаш ќе бидат меки и ќе ги решите сите проблеми поврзани со истите.

Домашна крема за нежни стапала

Потребни состојки

  • 1 кафена шолја горка сол (магнезиум сулфат)
  • 1 кафена шолја кокосово масло
  • 2 супени лажици мед
  • 10 капки масло од портокал (може да го замените со било кое друго масло, по ваша желба)

Начин на подготовка и употреба

Растопете го кокосовото масло на водена пареа, а потоа добро измешајте го со горката сол. Следно, додадете ги медот и маслото и добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса.

Домашната крема може да ја складирате во стаклена тегла и да ја користите по потреба.