Еве како да се ослободите од здодевните брчки, доколку истите се појавиле порано од вообичаеното, со овој домашен крем, кој се приготвува многу лесно, а неговиот природен состав е вашиот најдобар сојузник.

Домашна крема против брчки

Потребни состојки

  • 1 супена лажица суви глуварчиња
  • 100 мл кокосово масло
  • 8 капки етерично масло од лаванда

Начин на подготовка

Растопете го кокосовото масло во стаклен сад, на водена пареа. За водената пареа, изберете поголемо тенџере и загрејте на минимална топлина. Кога маслото целосно ќе се растопи, додадете го цветот од глуварче и оставете го да се загрева 1 час. Доколку е неопходно, додадете вода доколку испари, но само врела.

По 1 час, исклучете го оганот и оставете ја смесата во топла вода, дополнителни 15 минути. Прецедете ја жолтеникавата супстанца преку сито и додадете го етеричното масло од лаванда.

Со миксер, добро измешајте ги состојките, односно мешајте додека смесата не добие кремаста текстура. Добиената крема складирајте ја во стаклен сад со капак, во ладилникот. Нејзиниот рок на траење е не повеќе од 2 месеци.

Зошто оваа крема е ефикасна?

Кремата од глуварче е соодветна за сите типови на кожа. Во органскиот состав на глуварчето постојат активни компоненти кои имаат антивоспалителен и моќ за затегнување на кожата. Кремата ќе ве ослободи од секаква надразнетост и несовршености на лицето. Благодарение на нејзините чудесни својства, брчките ќе бидат значително помалку видливи.