Не секоја жена може да се пофали со прекрасни и совршени нокти, особено во периодот пред нивното обликување со гел-лак. Тогаш ноктите стануваат кршливи, растат слабо и имаат деформиран изглед.

Доколку не сте успеале навремено да ги заштитите, тогаш сега е потребно да ги негувате со соодветни потхранувачки маски, масажи и купки.

Еве како да си направите вистински домашен спа третман.

Домашни маски за беспрекорни нокти и кутикули

1. Маска од мелен црвен пипер

Измешајте половина кафена лажица мелен црвен пипер со 10 капки преварена вода, додадете 1 кафена лажица потхранувачка крема за раце, добро измешајте ги состојките и нежно затоплете ги на водена пареа. Изладете и нанесете врз ноктите. Оставете маската да делува 15 минути.

2. Маска со јод и сол

Разредете 1 супена лажица морска сол чаша вода и додадете 2 капки јод. Добиената смеса, со триење нанесете ја врз плочката на ноктите. Овој третман практикувајте го секојдневно за да го спречите настанувањето на слоеви на ноктите и притоа да го забрзате нивниот раст.

3. Маска со зелка и банана

Сомелете лист од бела зелка со ¼ зрела банана во блендер, потоа додадете 1 кафена лажица павлака и мед, и повторно добро измешајте ги состојките, додека да добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската врз ноктите и оставете да отстои 20 минути. Маската се отстранува внимателно со памучен туфер, претходено потопен во млеко.