Џенифер Лопез може да биде и на 50-годишна возраст, но таа е една од жените за која возраста е само обична бројка. Ниту лицето, ниту телото, а најмалку нејзиниот дух се стари, тоа на цел свет му е јасно.

Славната ѕвезда секојдневно на своите фанови им докажува дека секогаш е во одлична форма со младешки дух и притоа дека навистина нема конкуренција.

Сега Џенифер освои уште еден врв- таа гордо позира на најновата насловна страна на популарното машко списание GQ. Тоа што ја прави фотосесијата уште повпечатива е тоа што славната ѕвезда позира без грам шминка.

Насловната страна ја сподели и самата пејачка на нејзиниот Инстаграм профил, додавајќи во опис: „На насловната, вообичаено претставувана од мажи, за мене е голема чест да бидам во изданието посветено на „Мажите на годината за 2019-та година““.

Фотографијата е преработена во црни и бели тонови, но пејачката на неа нема никаква шминка.

Како ви се допаѓа?