Нишестето важи за најчудесната состојка која, според дерматолозите, прави вистински чуда со кожата на лицето. Покрај тоа што моќно го затегнува, ги елиминира брчките, истото овозможува и осветлувачки и витамински ефект и притоа го спречува предврменото стареење.

Оваа домашна состојка врвно ја негува кожата, ја спречува нејзината сувост или прекумерениот сјај како резултат на масната кожа, ја прави значително полеастична, а еве како да го употребите и да добиете совршени резултати!

Најдобрата домашна маска за затегнато лице без брчки

Потребни состојки

  • 1 домат
  • 1 жолчка
  • 1 кафена шолја нишесте од компир
  • Поливина кафена шолја зејтин

Начин на подготовка и употреба

Отстранете ја кожата од доматот, сомелете ја пулпата и измешајте ја со останатите состојки. Добиената смеса нанесете ја подеднакво врз целото лице, со исклучок на зоната околу очите. Оставете ја чудесната маска да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. На крај нанесете потхранувачки крем на вашето лице.