Депилација е добро познат традиционален метод на отстранување на влакна. Тој вклучува примена на топол восок на влакнестиот простор и брзо отстранување на лентата со што влакната се отстрануваат заедно со неа.

Ласерско отстранување на влакна стана прилично популарно и постепено го засенува традиционалното депилирање со восок, благодарение на многу позитивни карактеристики. Следејќи ги чекорите на ѕвездите на Ким Кардашијан и Викторија Бекам, секој е подготвен да го проба. Но, постои основна разлика помеѓу депилација и ласерско отстранување на влакна.

Ласерскиот третман е посилен и поефикасен метод за отстранување на влакна од кој било друг метод. Тој ветува долгорочно намалување на растот на влакната насекаде на телото. Луѓето гледаат трајни резултати во рок од 6-12 сесии. Некои области реагираат побрзо од другите и функционираат за широк спектар на типови на кожа.

Еве зошто ласерското отстранување на влакна е подобро и потрајно од традиционалното депилирање

Ослободени од влакната

Да, восокот нуди тело без влакна околу 3 недели, но потоа влакната повторно се враќаат во првобитната форма. Но откако ќе завршите 3-4 сесии со ласер растот на влакната е побавен и истите се потенки и послаби.

Третман Vs Отстранување

Ласерското отстранување на влакна е повеќе третман отколку отстранување, бидејќи со помош на неколку третмани вие целите кон подолготрајни резултати. Додека депилацијата е краткотрајна.

Цена- Сега и на подолг период

Да, точно е дека едно отстранување на влакна со восок е поевтино од ласерските третмани, но доколку пресметате на подолг рок колку пари давате за депилација ќе сфатите дека ласерското отстранување на влакна е долготрајна инвестиција која ве прави поекономични.

Ризик од изгореници

Сите стравуваат дека ласерското отстранување на влакна носи со себе многу несакани последици. Но, тоа не е точно. „Хорор приказните“ на интернет за овој метод најчесто не се точни, или пак истите третмани не се спроведени во професионални ординации. Доколку вашето тело го препуштите во рацете на професионалци нема простор за несакани последици.

Депилација носи има ист ризик; восокот се загрева пред употреба и често може да биде премногу топол, што може да ја оштети кожата.

Иритирана кожа

И двете постапки се топлински третмани, што значи дека вашата кожа може да стане црвена, да дојде до чешање или осип. Сепак со правилни инструкции од стручните лица во професионалната ординација ќе ги избегнете овие непријатности.

Болка

Депилацијата е дефинитивно поболен начин за отстранување на влакна. Можете да почувствувате како влакната ви ги кубат од кожата. Додека ласерската епилација е „поблага“ метода и најчесто болката се споредува со пецкање од ластик. Ласерските машини, исто така, имаат вградено средство за ладење, кое ја лади областа.

Мора да признаете дека ласерската епилација е неверојатна опција за која нашите претци само можеле да сонуваат. Ова е поекономичен, побезболен и понежен начин за ослободување од досадните влакна.

Затоа не чекајте закажете си третман кај вистински професионалци! Дерматолошко естетската ординација Др Анчевски нуди трајната ласерска епилација со диодниот ласер Soprano XL на Алма, со кој нема несакани ефекти, туку само задоволни клиенти.