Мојот партнер има две деца од предходна врска, момчето има 5 годинки, девојчето 3, и двете се ужасни! Можеби за мали деца не треба да пишувам вака, но тие мали ѓаволчиња се ужасно невопситани. Нивната мајка очигледно не се погрижила за нивното воспитување, ама воопшто. Мојот партнер ги гледа за викенди, и од кога се гледам со него викендите заедно ни се пекол, викаат и плачат постојано, многу се разгалени и не се сложуваат со ни едно друго дете, а и меѓусебно не можат да се поднесат. Не знам уште колку викенди ќе можам да издржам без да поудам. Го сакам мојот партнер, но не можам да ги поднесам неговите деца. Помош!