Американската корпорација Локхид Мартин е водач во областа на вселенската технологија, а сега првлече огромно внимание со својот најнов производ.

Компанијата го највави лансирањето на сопствена линија на парфем, при што неизбежно беше рефлекторите да се свртат кон истата.

Најинтригантниот дел што ја прави приказната наверојатна е тоа што компанијата вети дека мирисот на вселената ќе го донесе на Земјата.

Локхид Мартин со помош на пензионираниот астронаут Тони Антонели, кој во една пригода управувал со вселенскиот брод Дискавери, го креираше парфемот наречен Вектор.

„Кога првпат се сретнав со луѓе што беа во вселената, бев хипнотизиран од силниот и уникатен мирис кој го носеа на себе. Мирисот не мирисаше на ништо што претходно сум го сретнал.“- изјавил Антонели.

Алекс Вокер, водач на менаџментот во Локхид Мартин и човекот кој стои зад идејата на парфемот Вектор, отишол во локалната парфимерија за да го создаде мирисот, кој веќе е подготвен со помош на 3 состојки.

Веќе неколку среќници ја имаа можноста да го почуствуваат парфемот, откако брендот подели 2.000 примероци на посетителите на нивната вселенска конференција во Колорадо.

Компанијата дури објави и специјално видео кое зборува за настанокот на идејата за Вектор парфемот, раскажувајќи ја на почетокот веселнската мисија, а при крајот на видеото може да се забележи и самиот процес на создавањето на мирисот во лабараторија: