Сочен, нежен и неверојатно вкусен, овој чоколаден колач со јаболка важи за еден од најдобрите зимски десерти, кој се приготвува супер лесно, а неодоливата комбинација на чоколадо со јаболка ќе даде божествен вкус со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски!

Чоколаден колач со јаболка

Сочен, нежен и неверојатно вкусен, овој чоколаден колач со јаболка важи за еден од најдобрите зимски десерти, кој се приготвува супер лесно, а неодоливата комбинација на чоколадо со јаболка ќе даде божествен вкус со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски!
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: јаболка, чоколаден колач, колач со јаболка
Порции: 4

Состојки

За тестото

  • 200 гр путер
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 4 јајца
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1,5 кафена шолја брашно
  • 1 пакетче пециво
  • 1 кафена лажица цимет
  • 2 супени лажици темно какао во прав
  • Половина кафена шолја сомелени јаткасти плодови
  • Половина кафена шолја коњак
  • 2-3 јаболка

За глазурата

  • 100 гр темно чоколадо
  • 3 супени лажици густа павлака
  • 1-2 супени лажици маслоИ

Начин на подготовка

  • Измијте, излупете и исечете ги јаболката. Додадете ги сомелените јаткасти плодови (ореви или друго по ваша желба), полејте ги со коњакот и добро измешајте ги состојките заедно.
  • Изматете го мекиот путер со шеќерот и ванилата. Додадете ги јајцата едно по едно, додека мешате при секое нивно додавање. Додадете ги пресеаното брашно и пецивото. Додадете го и циметот и добро измешајте.
  • На крај додадете ги прецадените од алколол, јаболка и јаткасти плодови и добро измешајте го тесото. Истото поставете го во премачкан сад за печење и поставете го да се пече 35-40 минути во загреана рерна на 180°C. Оставете го да се излади во садот.
  • Додека колачот се лади, пригответе ја глазурата. Растопете го чоколадото заедно со павлаката и маслото во микробранова и измешајте до добивање мазна смеса. Покријте го колачот со добиената глазура и оставете го да се излади.