Денес ви ја претставуваме неверојатно вкусната чоколадната торта, приготвена од бисквити, за која не е потребно печење. На радост на сите, за подготовка на истата ќе ви бидат потребни само 15 минути, а еве што ви е потребно.

Брза чоколадна торта

Денес ви ја претставуваме неверојатно вкусната чоколадната торта, приготвена од бисквити, за која не е потребно печење. На радост на сите, за подготовка на истата ќе ви бидат потребни само 15 минути, а еве што ви е потребно.
Вкупно време15 минути
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: чоколадна торта
Порции: 4

Состојки

  • 400 гр бисквити
  • 180 гр путер
  • 10 гр желатин
  • 100 мл вода
  • 400 гр кисела павлака
  • 100 мл млеко
  • 6 супени лажици шеќер
  • 3 супени лажици какао
  • За декорација чоколадо

Начин на подготовка

  • Најпрво, додадете го желатинот во вода. Потоа, сомелете ги бисквитите во блендер, а потоа додадете го растопениот путер и добро измешајте ги состојките.
  • Земете соодветен сад и во истиот додадете ги бисквитите. Распоредете го тестото рамномерно на целата површина.
  • Следно, поставете тенџере на оган и во истото додадете ги млекото, шеќерот и веќе растопениот желатин, како и какаото. Непрекинато мешајте, до целосно растворање на желатинот. Кон хомогената чоколадна смеса додадете ја павлаката и измешајте.
  • Излупете ги бананите и исечете ги по должина на половини и потоа пак на половини. Распоредете ги бананите врз тортата и полејте ги со чоколадо, а потоа оставете ја во ладилникот 2-3 часа додека добро да се затегне.
  • На крај декорирајте со рендано чоколадо.