Бред и Анџелина беа можеби еден од најпознатите парови на светот, кои заедно со 6 деца, ставија крај на нивниот брак во 2016-та година, а самиот развод протече низ тешки судски битки.

А сега поранешните славни сопружници ќе бидат повторно заедно, а повод за ова ќе им даде филмската компанија Марвел, која во моментот преговара со Бред Пит за голема филмска улога.

Анџелина Џоли веќе потпишала договор со продуцентскиот агент за учество во филмот, во кој е предвидено како еден од хероите да го толкува токму Бред.

Според американските медиуми, во случај шефот на компанијата, Кевин Фајги да постигне договор со Пит, тој и Анџелина повторно ќе се најдат заедно, па макар и само да станува збор за на филмската сцена.