Фотографиите објавени низ бројни британски таболиди покажуваат како изгледа американската ѕвезда и еден од најпосакуваните мажи на планетата по периодот поминат дома, односно во карантин со кој се соочи цел свет.

Станува збор за Бред Пит, а фановите едноставно се едногласни дека 56-годишниот актер изгледа далеку од привлечно. Истиот е фотографиран на една од улиците во калифорнискиот град Малибу, во друштво на неговиот пријател Фли, член на музичката група „Ред Хот Чили Пеперс“.