Со уникатниот грмушест изглед и вкусните бобинки, откријте во продолжение зошто ова лековито овошје се смета за едно од најмоќните природни лекови.

Карактеристики

Боровинките поттекнуваат од родот Cyanococcus. Растат во пролетните месеци, особено Мај и Јуни, додека пак созревањето на нивните бобинки се одвива во периодот од Август до Септември.

Плодовите на ова овошје се карактеризираат со препознатлива темносина боја, а одвнатре се со сочна текстура со пријатен сладок, но истовремено и кисел вкус.

Вообичаено, нивните плодови се собираат во лето, а потоа топлите сончеви денови се користат максимално за нивно сушење.

Лековити својства

Боровинките се исто толку моќни, колку и нивната величествена темносина кралска боја. Најпрво тие се богати со антиоксидантски својства, а во основата на нивиот состав влегуваат Е и Ц витамините.

Но, најважно од се е тоа што и научно се докажа дека боровинките го содржат стилбеноидот наречен птеростилбен, кој пак ефикасно се бори против ракот на дебелото црево. Лековитите својства на овошјето помагаат во обновувањето на клетките, при што позитивно влијаат во процесот на спречување на стареење.

Боровинките целосно го обновуваат нашиот организам, бидејќи имаат одлични антивоспалителни својства, а притоа го регулираат процесот на варење, со што го контролираат и балансираат нивото на шеќери и масти во крвта.

Во неодамнешно истражување беше докажано и дека боровинките го намалуваат ризикот од појава на дијабетес, но истовремено и ја спречуваат појавата на срцеви заболувања. Додека пак, особено кај женските испитаници било докажано дека овошјето го спречува појавувањето на рак на јајниците, затоа особено се препорача жените да го консумираат.

Употреба на боровинките

Природен напиток од боровинки кој ќе ги обнови клетките и ќе го спречи стареењето

Потребни состојки:

  • 2 литри вода
  • 200 грама шеќер
  • 1 килограм боровинки

Начин на подготовка:

Детално исчистете ги боровинките, а потоа ставете ги во блендер и додајте малку вода. Во сад, поставен на оган со умерена температура, ставете ја добиената смеса и шеќерот и мешајте додека овие две компоненти не се добро соединат т.е потребно е шеќерот целосно да биде стопен.

Откако ќе се појават меурчињата кои се индикатор дека смесата зоврела, во времетраење од половина час, оставете ја да врие.

Добиениот напиток, пренесете го во шишиња и добро затворете. Откако истиот ќе се излади, со задоволство консумирајте и уживајте во него.