Најдобриот додаток кон уживањето во чајот се свежо испечените бисквити. Иако постојат бројни рецепти за истите од целиот свет, денес ви го претставуваме најдобриот, кој ни доаѓа од Италија.

Бисквити подобри од купечките! 3 јајца, малку млеко и путер и совршенството ќе биде готово!

Најдобриот додаток кон уживањето во чајот се свежо испечените бисквити. Иако постојат бројни рецепти за истите од целиот свет, денес ви го претставуваме најдобриот, кој ни доаѓа од Италија.
Вкупно време30 минути
Оброк: Dessert
Кујна: Italian
Клучни зборови: бисквити, солени колачи
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр пченично брашно
  • 175 гр шеќер во прав
  • 75 гр путер
  • 3 јајца
  • 1 лимон
  • 2 супени лажици млеко
  • 1 прстофат сол
  • 15 гр сода бикарбона или пециво

Начин на подготовка

  • Изрендајте ја кората од лимон и растопете го путерот.
  • Пресејте го брашното на масата и направете вдлабнатина во средината. Додадете шеќер, путер, 2 јајца, кората од лимон и солта.
  • Замесете меко тесто, додека притоа го додавате и млекото. Тестото треба да е меко, но не и лепливо. Оставете го да отстои 15 минути.
  • Развлечете го тестото на слој со дебелина од 1 цм. Со помош на пластична форма, оформете ги бисквитите.
  • Изматете ја жолчката. Поставете ги бисквитите на хартија за печење и одозгора премачкајте ги со жолчката и притоа нанесете шеќер во прав.
  • Печете во претходно загреана рерна на 180°C, за 10-12 минути, додека бисквитите да ја добијат потребната кафеава боја.