Фантастично вкусната, освежувачка и исклучително лесна торта со банани и крем е највкусното нешто што денес ќе го пробате! Нема потреба да варите, ниту пак печете нешто, а еве што е потребно за овој уникатен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.

Банана крем-торта

Фантастично вкусната, освежувачка и исклучително лесна торта со банани и крем е највкусното нешто што денес ќе го пробате! Нема потреба да варите, ниту пак печете нешто, а еве што е потребно за овој уникатен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: крем торта, банана торта, банана
Порции: 4

Состојки

  • 350 гр кисело млеко
  • 350 гр маскарпоне
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 10 гр растворен желатин (2 кафени лажици)
  • 16-18 бисквити
  • 130 мл пресно млеко
  • 30 мл млечен ликер, сируп или кафе
  • 2 банани

Начин на подготовка

  • Исипете го желатинот во метален сад и налејте 50 мл студена вода. Измешајте го маскарпонето со шеќерот до добивање соединета смеса. Измешајте го киселото млеко со ситно исеченото чоколадо.
  • Полејте го растворениот желатин со 30 мл млеко и растопете ја смесата на слаб оган или во микробранова печка.
  • Оставете го желатинот да се излади до собна температура и додадете го во смесата со киселото млеко. Потоа соединете ги двата крема - тој со киселото млеко и кремот со маскарпонето т.е добро измешајте ги.
  • Приговете правоаголен сад со големина приближно 24 цм х 14 цм и обвиткајте го со проѕирна фолија.
  • Измешајте го останатото млеко со ликерот, кафето или сирупот.
  • Започнете да ја редите тортата: На дното на садот поставете слој од бисквитите потопени во млечниот сируп, потоа премачкајте со половина од филот,
  • Oдозгора наредете ги исечените банани и покријте со преостанатиот крем.
  • Потоа, oформете го вториот слој од бисквити.
  • Готовата торта се покрива со проѕирна фолија и се складира во ладилникот на 3-4 часа. Кога тортата ќе се затегне, отстранете ја фолијата и пред сервирање одозгора декорирајте со рендано чоколадо.