Колосалната пустинска роза, дизајнирана од Жан Нувел, на величествен начин ја слави историјата и културата на Катар. Ѕирнете внатре во грандиозниот музеј.

На 28-ми Март оваа година, во главниот град Доха, Националниот музеј на Катар ги отвори своите порти за посетителите.

Честа да го дизајнира музејот му припадна на францускиот архитект Жан Нувел, кој се инспририраше од пустинските рози при дизајнирањето на кривулестата структура на музејот, со што на еден легендарен начин ја отпоздрави историјата и културата на мистериозниот и луксузен Катар.

Ремек-делото претставува спој на богатата катарска култура и национално богатство и ги предизвикува идните генерации никогаш да не престаната да творат.

Еве како изгледа врвниот дизајн: