Во текот на Април, Јупитер ќе се насочи кон Плутон и во текот на овој месец, некои знаци во хороскопот ќе дејствуваат импулсивно, други ќе бидат решителни и амбициозни, а за 3 знаци месецот ќе биде судбински!

1. Овен

За Овенот, Април ќе биде интересен и исполнет со многу изненадување и неочекувани пријатни средби. Конечно ќе биде достигната семејната хармонија, а Овенот ќе има зголемена амбиција, енергија и мотивација.

2. Бик

Април за Бикот ќе биде време на напредок на работното поле. Иако времето ќе биде одлично за шетање и уживање, Биковите ќе бидат многу одговорни, а подоцна нивниот труд ќе биде награден. Ова ќе биде еден од вашите најдобри месеци.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

3. Близнаци

Близнаците во Април ќе се посветат на самите себе и конечно ќе го земат одморот или времето за себе, кое навистина им е потребно. Во четвриот месец од годината, Близнаците ќе заборават на сите нивни стравови и со полна амбициозност, ќе напредуваа на секое поле.

4. Рак

Во Април, астролозите ги советуваат Раковите помалку да зборуваат на работното место, доколку не сакаат да навлезат во непотребни конфликти и општо доколку знаат или имаат некакви тајни, истите да ги чуваат за себе.

5. Лав

Овој месец, за Лавовите најголемиот предизвик кој ќе мора да го совладаат е како да научат да заштедат пари и финансиите да не ги трошат на непотребни ситници. Астролозите ве советуваат и да не позјамувате пари на роднини, доколку не сакате финансиски неволји.

6. Девица

Во Април, Девицата мора да го насочи својот труд и внимание кон сопственото здравје. Неопходно е да го подготвите вашето тело за пролетта и да ги слушате препораките на вашиот лекар. Ве очекуваат убави успеси на работното поле.

7. Вага

Вагите ќе треба да размислат за промена на работното место, бидејќи сегашната работа ќе им стане здодевна и нема веќе да ги исполнува. Но, без грижи, во Април, вашиот хороскопски знак го следи неверојатна среќа, при што лесно до самиот крај на месецот ќе најдете нова работа.

8. Скорпија

Во текот на Април, Скорпиите ќе треба да посветат многу поголемо внимание на своето семејство, а во текот на месецот ги очекуваат многу пријатни средби, семејни собири со роднините што дополнително ќе ги зајакнат семејните врски.

9. Стрелец

Стрелецот овој месец ќе има огромна енергија, при што ќе успее да реализира голем број на професионални и финансиски успеси, а многу пријатни изненадувања го очекуваат и на полето на домот и љубовта во втората половина од Април.

10. Јарец

Јарецот конечно ќе започне да гледа позитивно на работите и самиот живот, односно ќе започнат да ги прават нештата на нов начин и конечно ќе се ослободат од сите стари лоши навики, а со тоа ќе доживеат голема и прекрасна преобразба на секое поле, од работно до љубовно.

11. Водолија

Водолијата ја очекува пријатно период во кој конечно ќе се опушти и ќе ја живее пролетта до максимум. Може слободно да отидете на шопинг или патувања, односно да ги потрошите заработените пари, бидејќи тоа и го заслужувате најдобро.

12. Риби

Април за Рибите ќе биде навистина романтичен месец. Некои ќе влезат во нови возбудливи врски, а некои ќе ја разгорат нивната врска, внесувајќи поголема страст и адреналин во истата. Не се плашете да експериментирате, тоа ќе ве направи многу среќни.