Иако повеќето луѓе не сакаат да признаат, но колку повозрасни стануваме, толку повеќе губиме од својата агилност. Со текот на годините доаѓа мудроста, а способноста да се фокусираме на повеќе задачи и успешно да ги извршиме, се намалува.

Со текот на годините, луѓето ја губат и брзината. Експертите и научниците од Мелбурн тврдат дека работата од 30 часа неделно е добра за конгитивната функција на човекот, но доведува до намалување на продуктивноста.

Во нивното истражување, тие вклучиле 3500 жени и 3000 мажи, кои биле над 40-годишна возраст. Доброволците зеле учество во тестовите за конгитивна функција под надзор на експертите и истражувањето докажало дека луѓето кои работеле до 30 часа неделно има голем пад на нивната конгитивност, во споредба со оние што воопшто не работеле.

Претераната стимулација на мозокот на кај повозрасните доведува до спротивен ефект, при што понекогаш дури и најобичните задачи не можат да ги исполнат.

Професорот Колин Мекензи, водачот на ова истражување, вели дека е тенка границата меѓу одржување на активноста на мозокот и неговото преоптоварување, при што лесно може да се предизвика стрес и други негативни последици. Затоа Мекензи смета дека најдоброто решение за луѓето над 40 години е да работат најмногу 3 дена во неделата.