Постојат стотици филмови и книги за животот на пиратите. Денес, пират за нас е капетан со папагал на рамо кој копа по богатство на напуштените острови. Се разбира, тој има екипаж од искусни морнари, од кои некои имаат дрвени нозе и на некои им недостасува око. Но, повеќето од „фактите“ што ги знаеме за пиратите се лага.

Гледавме многу пиратски филмови и сакаме да разбиеме 8 популарни митови за нив.

Мит 1: Само мажите биле пирати.

Сигурно сте слушнале дека жените на бродот носат лоша среќа, но ова не е точно, според пиратските приказни. На пример, Џeана де Клисон го продала целиот свој имот и отидшла на море за да му се одмазди на сопругот.

Сајида ал Хура е уште еден познат пират. Работела со друг пират, Барбароса, и го контролирала Средоземното море на почетокот на шеснаесеттиот век. Таа е една од најпознатите жени пирати.

Мит 2: Пиратите „работеле“ само на море.

Се разбира, пиратите се поврзани со морето. Но, тие често оделе чекор понатаму, па дури и ги освојувале блиските градови и тврдини. Хајредин Барбароса бил познат по тоа. На овој начин, тој станал владетел на Алжир, па дури и нападнл некои градови во Шпанија и Италија.

Легендарниот Хенри Морган бил експерт за копнени експедиции. Тој исто така, ја нападнал и ја освоил Панама. Неколку години подоцна, тој стана вицегувернер на Јамајка.

Мит 3: Капетаните имале целосна моќ.

Тешко е да се поверува, но пиратите имале развиена демократија и сите клучни позиции им биле доделени на избрани кандидати. Целосната моќ резуртирала со тоа обичните морнари да не земаат доволно плата, да не се хранат добро и се преоптоваруваат со работа. Па затоа пиратите го користеле гласањето за да ги донесат сите одлуки, како: каде да одат, кого да ограбат и што да прават со затворениците. Гласот на капетанот не бил важен повеќе од гласот на обичниот морнар.

Мит 4: Пиратите биле криминалци и насилници.

Сите сме слушнале дека пиратите биле безмилосни убијци. Но, во реалноста, тоа не е вистина. Поради ниските примања и лошите услови за работа, многу морнари станале пирати.

Во принцип, пиратите биле доста мирни. Нивната цел била да ја добијат стоката, а ретките убиства биле извршени само за да ги заплашат другите и да ја зачуваат сликата на страшни криминалци.

Мит 5: Пиратите ги терале затворениците да „одат по даската“.

Првиот човек што го измисли одењето по даска бил писателот, Даниел Дефо, во неговата книга „Општа историја на пиратите“. Идејата беше искористена од други писатели и стана популарна. Всушност, нема докази дека вистински пирати ги терале затворениците да прават такви работи.

Мит 6: Куките се користеле наместо раце, а дрвените нозе биле редовна појава.

Една од главните работи што ви паѓа на ум кога размислувате за пират е дрвена нога и око што недостасува. Таквите работи се користеле во реалниот живот, бидејќи во тоа време пиратите често беа повредени. Меѓутоа доколку пират имал повредена нога, мали биле шансите дека ќе може да преживее со дрвен екстремитет на море. Носењето лепенка на едно око не било поради повреда. Тие биле користени за да им помогнат на очите да се прилагодат на недостаток на светлина во случај да треба да се симнат во темните простории на бродовите.

Мит 7: Копањето по богатство е нешто што го правеле сите пирати.

Според овој популарен мит, пиратите закопуваат богатство на напуштени острови и други тајни места. Значи, светот треба да биде полн со заборавено злато, но, ова не е точно. Има само неколку познати примери за вакви грабежи. Едно од нив е богатството на Вилијам Кид, кое владата го пронашла доста брзо, и тој бил уапсен. Друг пример е богатството на Френсис Дрејк кое го сокрил, а потоа се вратил по него.

Се разбира, тие земале злато или накит секогаш кога можеле да го најдат. Но, тие најчесто краделе храна, оружје, рибарски мрежи, лекови и други разни корисни предмети за нивниот опстанок.

Мит 8: Папагалот е лојален пријател и придружник.

За време на златното доба на пиратите, егзотичните животни биле во тренд во Европа. Папагалите биле лесни за транспорт и вределе многу. Има смисла што пиратите ги превезувале. Но, нема докази дека имало пират кој имал придружник  папагал.

Она што со сигурност го знаеме е дека мачките биле транспортирани на бродовите. Тие се добри во фаќање глувци и стаорци, а некои луѓе дури верувале дека им носат среќа.