Речиси и да не постои жена на светот која не го знае атрактивниот американски актер со кубанско потекло, Вилијам Леви. 40-годишната е вечна љубов на речиси милиони обожавателки ширум светот кои уживаат во гледањето на неговите теленовели.

Но, Вилијам е зафатен, барем официјално. Тој е во брак со својата колешка Елизабет Гутиерез (41) со која се ожени во 2003-та година, а парот има две деца.

Сепак, иако е оженет, ѕвездата на многу хит серии всушност е познат во јавноста по тоа што безброј пати ја има изневерено неговата сопруга, за што и самата таа е свесна, а неодамна Елизбет за мексиканските медиуми откри како заврши љубовта меѓу нив.

Локалните медиуми пишуваат дека крај на бракот ставила актерката Барбара Лопез (28). Вилијам и Барбара се запознале се на заеднички проект, а дел од актерската екипа вели дека хемијата едноставно се родила меѓу нив.

„Едвај чекаше да ја однесе во кревет. За време на паузите за снимање, тој постојано флертувал и зборувал што би правел во кревет со Елизбет, а таа, како и многу други, не можеше да му одолее. Тоа беше само интимен чин за него, но тој го плати тоа со губење на мајката на неговите деца“ – рекол извор близок до парот, додавајќи дека Вилијам еднаш се пофалил дека ја изневерил сопругата со дури 80 жени.

Во медиумите постојат разни обвинувања за актерот, а многу проблеми се појавија откако Вилијам беше обвинет за носење на малолетничка во хотелска соба, каде што ја присилил на интимни односи.
Подоцна обвинението беше отфрлено, но Вилијам никогаш не негираше дека спиел со неа, само изјави дека девојката го излажала за колку години всушност има.