„Се сеќавам кога бев помлада, наоѓав безброј причини зошто мојата симпатија не ми се јавува. Претпоставувам дека тоа ми беше полесно отколку да признаам дека едноставно не сум му интересна.

Беше премногу болно за мене и некако не ветуваше подобри утра.“

„Се вљубувам 5 или 5 пати за 3 минути“, се стиховите во кои секој од нас би можел да се пронајде барем еднаш. Ах таа љубов, понекогаш утрата се добри кога ќе се разбудиме вљубени, понекогаш само ја потопуваме главата во перница и ја натопуваме со солзи како да е преплавена од бран на океанот.

Се сеќавам кога бев помлада, можев да најдам безброј причини зошто мојата симпатија не ми се јавува. Претпоставувам дека ми беше полесно отколку да признаам дека едноставно не сум му интересна.

Буквално се натерав да верувам дека моментално е во метеж, ќе ми одговори секако, можеби не ја видел пораката. Неколку глупави изговори и многу изгубено време. Тоа чувство додека се оправдуваш себеси кога во суштина нему не му е гриа за тебе, грч во стомакот и телефонот во раце, се работт што ги избришав од мојот живот.

Ми беа потребни 37 години да си признаам дека сè е премногу едноставно. 37 години да не се мачам и да сфатам дека за љубов не се моли. На некои им се допаѓате, на некои не. Едноставно е. Ако ти се допаѓаш, тој ќе ти се јави и кога очекуваш и кога не очекуваш. Ќе ти посака добро утро, ќе те покани на ручек, ќе ти даде јасно до знаење дека ти си таа вистинската за него.

Сè што е спротивно, е знак дека треба да продолжите напред. Бидејќи додека се држите до некој што не ве „приметува“ ниту 2%, има некој што потајно се надева дека ќе го забележите. И колку помалку време поминувате посветени на некој што не ве сака, толку е помала веројатноста да ги пропуштите вашите добри утра.