Расправиите на мажот со неговата сопруга се корисни за неговото здравје, бидејќи му го продолжуваат животот, докажаа американските научници.

Експертскиот тим на Кајли Бураса, при универзитетот во Аризона, САД, констатирал дека паровите при кои често има расправии, имаат понизок ризик од предвремена смрт.

Но, ова само се однесува на двојките кои се расправаат со еднаков интензитет. Доколку само едниот од партнерите го искажува неговиот бес, што тоа во повеќето случаи се покажало да биде мажот, а другиот, односно жената, ја чува нервозата во себе, тогаш според експертите, ризикот од прерана смрт се удвојува.

Истражувањето било спроведено врз 192 двојки, кои долго време биле заедно, а анализирањето било фокусирано на тоа колку чести биле караниците и како истите влијаеле врз должината на животниот век на партнерите.

Кога парот се расправа со различен интензитет, тогаш конфликтот тешко се решава и следуваат секојдневни нови стресни ситуации, што од своја страна, го зголемуваат ризикот за прерана смрт.