Многумина мислат дека на убавите луѓе животот им е премногу лесен. Но, бројни истражувања покажале дека сепак не е се така идилично, а некои од нив дури својата убавина ја сметаат за проклетство, наместо благослов.

1. Припадници од истиот пол обожаваат да ги омаловажуваат атрактивните луѓе и честопати успеаваат во тоа

Едно истржување докажало дека луѓето се чувствуваат загрозени од нечија убавина и кога во животот ќе се сретнат со некоја убава личност, тогаш тие претпочитаат да ја омаловажуваат, бидејќи се плашат и се љубоморни.

Истражувањето дури открило дека кога атрактивна личност ќе отиде на интервју за работа, доколку работодавачот е од истиот пол, личноста најверојатно нема да ја добие работата, бидејќи работодавачот се чувствува загрозено.

Атрактивните луѓе велат дека често чувствуваат дека останатите се обидуваат да се натпреваруваат со нив и дека честопати, поради нивната убавина се чувствувале како да се на сцена и опкружени со бројни осудувања.

2. Луѓето често имаат превисоки очекувања од атрактивните личности

Психолозите ова го нарекуваат „Ефект на ореол“. Луѓето честопати им ги препишуваат сите позитивни особини на атрактивните луѓе, а всушност само се водат од нивната убавина. Луѓето едноставно очекуваат убавата личност да има добро семејство, успешна работа и лесен живот.

На ова атрактивните луѓе велат дека и поради тоа се многу осудувани, кога не ги исполнуваат очекувањата што останатите ги имале за нив и биле осудувани доколку се пожалат на нешто, бидејќи според останатите, убавите луѓе се сами виновини за своите проблеми.

3. Тие се малку попаметни од останатите, иако некои луѓе цврсто веруваат дека убавите луѓе се глупави

Едно истражување откри дека интелектот е поврзан со пропорционалните и фит тела, при што ги прави атрактивните луѓе малку попаметни од останатите. Но, одредени атрактивни личности признале, дека безброј пати, само поради тоа што се убави, биле доживувани и како глупави. Многу луѓе сметаат дека не можеш да бидеш преубав и истовремено паметен.

4. Многумина мислат дека атрактивните луѓе се исто така фини, доверливи и личности со смисла за хумор

Поради „Ефектот на ореол“, без разлика на нивната возраст, луѓето несвесно и слепо веруваат дека убавите луѓе автоматски се фини, прекрасни на карактер, доверливи, многу забавни итн.

Поради оваа причина, привилечните луѓе откриваат дека многу луѓе, само поради нивната убавина, веднаш им веруваат, дури и се многу фини со нив, а и децата веднаш се опуштаат во нивна близина.

5. Тие се поубедливи, иако воопшто не се трудат во тоа

Атрактивноста на луѓето им дава поголема самодоверба, што пак автоматски им дава поголема моќ и способност лесно да ја убедат спротивната страна. Истражувањата докажале, на пр. доколку некое атрактивно лице е на интервју за работа, а работодавачот е од спротивниот пол, тогаш кандидатот најверојатно ќе ја добие работата бидејќи нивната убавина многу влијае на конечната одлука.

Затоа, привлечните и убави луѓе признаваат дека често можат лесно да се извлечат од секоја ситуација и да им биде опростено, па дури и кога тоа не го заслужуваат. Но, исто така, повеќето атрактивни луѓе велат дека воопшто не се трудат својата убавина да ја користат на погрешен начин.

6. Атрактивните луѓе се сметани за многу поздрави од останатите

Истражувањата покажале дека фацијалната симетрија често се поврзува со самото здравје и многумина веруваат дека убавите луѓе ја немаат склоноста да се разболат или да настинат.

Едноставно, атрактивните луѓе се грижат за својот изглед, вежбаат и веруваат дека заедно со правилната исхрана, треба да се негува здравјето.

7. Атрактивните луѓе тешко ја пронаоѓаат вистинската љубов

Привлечните луѓе признаваат дека на почетокот од секоја врска, се сомневаат во искрените намери на партнерот, бидејќи многу пати во животот се соочиле да бидат искористени, само поради нивната убавина.

8. Несакајќи привлекуваат огромно внимание, што може да биде опасно, исцрпувачки и иритирачки

Доколку веќе подолго време се наоѓаат во центарот на вниманието, тоа знае да биде исцрпувачки, а истовремено често во таквите ситуации се чувствуваат неудобно и чудно, при што нивната самодоверба се намалува и се чувствуваат несигурно.

Убавите луѓе откриле дека особено се чувствуваат ранилво, бидејќи добиваат погледи од многу морничави луѓе, кои неретко и започнувале да ги следат наоколу.

9. Изгледот и убавината не се вечни и тие тоа го знаат

Да, убавината си носи и свои предности, но доаѓа во органичено количество. Со текот на годините, таа избледнува и изгледа како некоја супер моќ, која херојот полека ја губи.

Но, убавите луѓе се свесни за тоа, при што велат дека се трудат да ги негуваат останатите свои квалитети, кои се фактор за успех во животот, дури и кога нема да бидат убави како порано.