Сите ние во одреден момент додека сме ги гледале познатите личности сме посакале дел од нивната „вечна младост“, зачинета со полни усни и мазни лица. Но, она што беше луксуз и табу-тема на крајот на 20-тиот век, сега е секојдневие и тренд на 21-виот век.

Без разлика на годините многу жени сакаат да си ги реализираат своите желби и да изгледаат посебно во најубавите моменти во нивните животи. А зошто да не? Денес процедурите не се болни, не се опасни, ниту пак чинат цело богатство, како во минатото.

Дермалните филери се стерилни гелови од хијалуронска киселина кои се инјектираат непосредно под површината на кожата со цел да се направи корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата преку нивно пополнување, освен за овие намени може да се користат и за зголемување на волуменот на усните и пополнување на јаболчниците.

Токму усните беа првиот избор за македонските матурантки оваа година и во голем број си закажаа термин во дерматолошко естетската ординација „Др Анчевски“.

Затоа ние решивме да дознаеме зошто всушност матурантките одлучија да го следат овој тренд за да изгледаат посебно на нивната матурска забава, но и како од „Др Анчевски“ решија да им го олеснат овој пат и да им помогнат да си го остварат сонот преку промотивни цени.

За ова се консултиравме со д-р Анета Кокалеска Петрушевска, која е дел од професионалниот тим на „Др Анчевски“ и откривме прилично интересни информации.

Младите девојки денес следат најразлични трендови, што најчесто бараат од вас кога станува збор за филери за усни?

Секоја има своја замисла за тоа како сака да и изгледаат усните, нежни со среден облик, некои проширени, некои полуполни а други само малку контура. Не ретко ни доаѓаат со фотографии за да ја поткрепат својата замисла . Ме радува фактот што повеќето бараат природно истакнати усни со малку волумен.

Како вие одлучивте да им помогнете на идните матурантки и што нудите во вашата ординација?

Во нашата ординација д-р Анчевски се работи со два типа на филери, хијалуронски филери во воден медиум и хијалуронски филери кои се гел медиум. Хијалуронскиот филер во воден медиум е многу погоден за оние пациенти кои не се сигурни во тоа дали ќе им се допадне промената. Ефектот на водените филери е малку пократок од хијалуронските филери кои се гел медиум со кои што контурите се поназначени и се постига нешто поголем волумен и тоа трае неколку месеци подолго.

Кои се најголемите „стравови“ на девојките во врска со филерите?

Најголем страв е енормното зголемување на усни кои што се гледаат на интернет на социјалните мрежи, но јас ги убедувам дека за да се постигне тој ефект потребно е да се аплицира повеќе од еден филер и веднаш потоа повторување на третманот. Со апликација на еден филер се постига ефект на природен волумен, убаво обликувани свежи и сочни усни.

Доколку сѐ уште имате дилеми во врска со филерите за усни или било каков вид на дермални филери не го трошете вашето скапоцено време во размислување. Закажете си консултации и термин во „Др Анчевски“ и препуштете им ја работата на професионалците.