Во Бугарија е уапсен главниот човек на „секс-секта“, кој имал десетици жени кои му служеле
Сергеј Кириенко кој е на чело на сектата Каула Дарма која што верува дека оргиите и проституцијата носат просветлување во животот бил уапсен во Бугарија. Сергеј бил поранешен фитнес тренер пред да ја формира оваа секта. Тој ги снимал оргиите со жените кои биле членови на сектата и видеата ги продавал на интернет.
Сопругата на Сергеј која исто така е основач на сектата успеала да и избега на полицијата, а уште една жена која учествувала во пронаоѓањето на членови била уапсена и моментално се наоѓа во домашен притвор во Софија. Руските власти исто така се трудат да ги пронајдат децата на членовите на оваа секта за кои сметаат дека исто така се користат како дел од оргиите.
Тие успеале во Белорусија да спасат 5-годишно момче чија што мајка, Анастасија Зиборева била дел од оваа секта. Момчето било пронајдено во автомобил со двајца непознати мажи. Сега детето е предадено на неговите баба и дедо кои ќе се грижат за него, затоа што неговата мајка и служи на сектата некаде во Јужна Африка.
Полицијата успеала да дознае дека две 7-годишни близначки се заедно следбениците на сектата и нивниот план е да ги спасат што е можно поскоро. Водачот на сектата Сергеј, ги поделил своите следбенички во касти. Првите 15 следбенички кои биле на највисоко ниво живееле заедно со него. Кога руската полиција се посомневала во Сергеј тој и жените избегале во Мексико, каде што ги нуделе своите „услуги“ на богати клиенти, потоа биле во Белгија, пред да завршат во Бугарија.