Пчеларка спасува рој пчели со голи раце и им дава нова кралица

Пчелите во последно време добиваат доста големо внимание бидејќи овој период од годината е Националниот ден на пчелите. Сè започна со воодушевувачка фотосесија на Анџелина Џоли покриена со пчели за насловната страница на National Geographic со цел подигање на свеста за овие инсекти и нивната важна улога во екосистемот.

Бидејќи многу погледи беа вперени кон пчелите, ова видео што се појави на ТикТок, што покажува како пчеларка со голи раце спасува рој пчели и им дава нова кралица, стана апсолутен хит и има повеќе од 13,5 милиони прегледи.

Луѓето на интернет навистина ја сакаат бестрашната пчеларка, Ерика Томпсон од Тексас Биверс, таа не само што бестрашно се справува со рој пчели, туку споделува и навистина интересни факти за инсектите.

Ерика, која е основач на Texas Beeworks, со седиште во Остин, Тексас, САД, започна мисија за зачувување, заштита и зголемување на популацијата на пчелите низ целата држава. Ја повикале да отстрани рој пчели што се населиле под чадор. Ерика објасни дека „кога пчелите се во ваков рој, тие бараат ново место за живеење“.

Според Ерика, пчелите се всушност многу пасивни бидејќи немаат ништо што би сакале да заштитат, како храна, кошница или мали пчели, но треба да имаат пчела кралица. Ерика со голи раце ги пренесуваше пчелите во соодветен сандак додека се обидуваше да ја лоцира кралицата, но не успеа да ја најде. За среќа Ерика со себе носеше пчела кралица која реши да им ја поклони на пчелите.

Кутијата во која се чува пчелата е запечатена со „парче бомбона“ на едниот крај. Ако пчелите ја одобрат новата кралица, тие ја „спасуваат“ јадејќи ја бомбоната. Штом сите ја запознаа новата кралица, пчелите почнаа да испраќаат сигнал до другите пчели и да ги повикуваат да се преселат во новото живеалиште.

Видеото завршува со Ерика која проверува дали пчелата кралица е прифатена од колонија. Откако конечно сите пчели се преселија во новиот сандак, бестрашната пчеларка ги однесе кај нејзиниот пчеларник „за да можат пчелите да продолжат да ја вршат важната работа на место што е побезбедно за нив“.

@texasbeeworks#bees #nature #summer #tiktok #fyp♬ original sound – Erika Thompson

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *