“Жените денес се мрзеливи. Нашите баби ги растеле децата без прирачници.”– Ова се најчесто слушаните изрази со кои денес можеме да се сретнеме. Но, еве како навистина било и што докажуваат историските факти за традициите во минатото наспроти митовите во кои веруваме сите.

1. “Жените порано биле навистина убави. Модерните девојки со ботоксирани усни не можат да се натпреваруваат со нив.”

Кога ќе се замисли типичниот ден на една жена при крајот на 19-от век, со премногу работа, одгледување деца, работење на полињата, прекуумерената изложеност на сонце и неразвиеното здравство, убавината за која се зборува станува малку нереална.

2. Браковите биле многу поцврсти и немало толку разводи

На почетокот на 20-от век, договорените бракови се уште постоеле, а синовите на индустријалците стапувале во брак со ќерките на бизнисмените. Разводи немало бидејќи биле табу тема и премногу биле скапи, при што ретко кој можел да си ги дозволи. Но, тоа не значи дека браковите биле совршени.

3. “Жените ги раѓале своите деца на полињата и се било во ред”

Факт е дека жените порано раѓале многу деца, но факт е и високата стапка на смртни случаеви кај децата, кои умирале како резултат на лошата хигиена, разните инфекции и недостатокот од храна.

4. “Редовното раѓање го подмладувало телото и затоа жените порано не страдале од онколошки проблеми”

Луѓето отсекогаш страдале и имале онколошки проблеми. Раните симптоми на рак биле забележани кај античките мумии во Египет, а во втората половина од 19-от век лекарите научиле како да го дијагностицираат и лекуваат ракот на градите. Но, во сиромашните делови, повеќето болести кај жените воопшто не биле третирани и жените страдале од пролапс на матката.

5. “Жените не работеле, биле домаќинки и им било многу полесно”

“Феминистичкото движење им ја ускрати можност на жените да останат дома, да готват супи за сопрузите и да ги чуваат децата, па тие морале да работат како мажи”– овој мит е поддржан книгите, филмовите и лажните историски факти. Жените кои живееле во градовите веќе работеле како медицински сестри, во фабрики и сл, но биле многу помалку платени од мажите.

Додека пак на селата, ситуацијата била далеку поразлична. Веднаш по породувањето, наредниот ден жeните биле приморани да извршуваат тешки физички работи.

6. “Жените ги доеле своите деца до третата година и биле добри мајки”

Мајчинството била главна обврски на жените. Но, во 1919-та година бил донесен закон кој ја штител мајката пред и по породувањето, а воедно имала право да земе и породилно отсуство. По, враќањето на работа, децата биле чувани од страна на нивните баби и дедовци.

Но, историски записи раскажуваат поинаква приказна за работите на село. Понекогаш, бебињата со саати биле оставани да лежат во кал, бидејќи мајките биле презафатени. А за да престанат да плачат, им се давало печен компир или краставица. Истовремено, повеќето од децата завршувале со повреди, обидувајќи се да влезат дома сами.

7. “Сите јаделе здрава храна и никогаш немале проблеми со здравјето”

На почетокот на 20-то век, просечниот човек живеел до 31 година, но до 60-те години, истиот се зголемил двојно. Високата смртна стапка особено била честа кај малите деца. А гладта била главен проблем. Храната била природна, но на луѓето им недостасувале витамини и минерали.

8. “Урбанизацијата ги ослободи жените од домаќинството”

Да, преселувањето во поголемите градови го олесни животот на жените, но тоа не ги ослободи од домаќинските обврски, а воедно нивните сопрузи не им помагале. Така, на почетокот на 20-от век, 95% од слободното време на жените всушност било наменето за извршување на домаќинските работи.