Многу луѓе ширум светот страдаат од осаменост и иако понекогаш чувствуваме дека пронаоѓањето на партнерот за нас т.е нашата сродна душа е едноставно невозможно, според љубовните експерти, поради овие 7 работи кои сами си ги правиме на себе се всушност нашата пречка.

1. Сè уште страдате поради претходната врска

Според љубовните експерти, многумина веднаш штом ќе излезат од една врска, влегуваат во нова, со цел да го направат поранешниот партнер љубоморен, а тоа е сосема погрешно, бидејќи на крај, ниту новата врска не е успешна. Наместо тоа, дајте си време на себе да го преболите поранешниот партнер и да сфатите што навистина сакате во вашата следна љубовна врска.

2. Имате превисоки очекувања

Некои жени мечтаат за принцот на бел коњ, а некои едноставно сакаат нивниот партнер да биде што е возможно посовршен. Но, треба да сфатите, дека и вие, како и вашиот партнер, сте вистински луѓе, со свои доблести и недостатоци. Доколку сакате подобар партнер, започнете од себеси. Подобрете го вашиот карактер, вашиот надворешен изглед и бидете задоволни најпрво од самите вас.

3. Мечтаете за некој кој веќе е зафатен

Едноставно не си го губете времето. Се подразбира, многу работи може да се променат во животот и никој по никој не треба да суди, но моментално додека личноста за која сонувате е зафатена, помислете на следното: Дали човек кој е способен да изневери може да биде вашата сродна душа? Ниту пак треба да размислувате дека вие сте подобра опција од неговата партнерка или партнер. Дури и да го заземете нивното место, во иднина, можеби и вие ќе бидете изневерени.

4. Имате проблеми со довербата

Не треба да размислувате дека сите луѓе се исти. Можеби има мала вистина во таквите поговорки доколку постојано бирате еден ист тип на луѓе за ваш партнер. Едноставно не дозволувајте вашето претходно лошо искуство да ве ограничи во животот, но ниту пак кога ќе запознете нова личност, не се доверувајте веднаш на истата. Чекорете полека со сите.

5. Се плашите од сериозна врска

Стравот дека чувствата ќе избледнат, стравот дека ќе ја изгубите вашата лична и секојдневна слобода и слично, се само дел од многу работи кои не треба да дозволите да ве спречат да уживате во вашата љубовна врска, бидејќи со вистинскиот партнер секогаш ќе ги пребродите сите проблеми во животот.

6. Очајни сте да им се допаднете на луѓето

Имитирањето и обидите за импресионирање на оној кој ви се допаѓа често завршуваат со впечаток на очајност и затоа не треба да правите работи или да се облекувате на начин само за да им се допаднете на останатите. Бидете свои е најдобрата работа што може да ја направите, секогаш, во секое време!

7. Премногу брзате

Очајноста или претераното чувство на осаменост не треба да дозволите да ве турнат пребрзо во врска со секој што ќе го запознаете, бидејќи тоа може само да ве направи дополнително несреќни. Елиминирајте ги негативните мисли дека не ви преостанува многу време, дека доцните и престанете да се споредувате со луѓето во вашата околина. Вашиот живот е единствен и уникатен и сè ќе се случи во ваше време, само опуштете се и уживајте!