Не случајно усните се сметаат за синоним на женственоста и убавината. Според експертите, на првата средба, погледот ненамерно веднаш ни паѓа кон усните на личноста и тоа е еден од факторите на привлечноста.

Но, со настапувањето на зимата и студеното време, нашата кожа е изложена на сурови надоврешни влијание, а како резултат на тоа, страдаат и нашите усни, при што наместо меки и нежни, тие стануваат суви, испукани и ранливи.

Добрата вест е што можете многу брзо да го вратите нивниот беспрекорен изглед, без притоа да вложувате пари во купување на козметички производи. Односно, вашите усни може повторно да заблескаат на природен начин, користејќи едноставни состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна.

Во продолжение прочитајте за 7-те бабини трикови, благодарение на кои вашите усни повторно ќе станат кадифено меки и нежни:

1. Листови од роза

Тајната на листовите од роза се состои во тоа што содржат големо количество на витамин Е. Сомелете ги листовите и додадете малку млеко кон истите, а добиената густа смеса нанесете ја врз вашите усни.

2. Краставица

Овој вкусен зеленчук е познат по неговата хидратантна моќ. Едноставно исечете ја краставицата на тенки парчиња и со истите, масирајте ги вашите усни.

3. Мед

Медот е природен навлажнувач со антибактериски својства. Може да го нанесете самостојно или претходно да го измешате со вазелин.

4. Кокосово масло

Кокосовото масло се смета за исклучително моќен навлажнувач за испукани и суви усни. Може да го измешате со етерични масла по ваш избор, кои ќе го забрзаат процесот на заздравување.

5. Сок од лимон

Оваа состојка е докажано ефикасно средство за лекување на испуканите усни. Воедно, има избелувачки ефект, со чија помош ќе го вратите природниот розов изглед на вашите усни. Сокот од лимон може да го измешате со мед или рицинусово масло. Нанесете го и оставете го да дејствува 10 минути.

6. Шеќер

Шеќерот делува како природен пилинг за усните, со чија помош ефикасно ќе ги отстраните мртвите клетки. Измешајте го со мед или маслиново масло и направете ексфолијација со нежни кружни движења.

7. Гел од алое вера

Неверојатните лековити својства на ова растение ќе ви помогнат брзо и лесно да го решите проблемот со испуканите усни. Истото има горчелив вкус, но тоа не треба да ве загрижува. Нанесете го гелот пред спиење, да отстои во текот на ноќта, а следното утро измијте со вода.