Дали сте подготвени да го покажете рамниот стомак? Еве 6 совети кои ќе ја спречат подуеноста и ќе ве избават од тежината во стомакот.

Јадете храна која е богата со калиум

Овој минерал ги регулира течностите во телото. Храна богата со калиум: банани, диња, манго, спанаќ, домати, ореви, аспарагус.

Вечер без јаглехидрати

Скробот доведува до подуеност. Избегнувајте да јадете леб и тестенини навечер, бидејќи тие можат да го натераат телото да ја задржи водата.

Без газирани пијалаци

Меурчиња во газираните пијалаци ќе го натера стомакот да се надуе. Најдобро е да пиете вода.

Без вештачки засладувачи

Организмот на некои луѓе тешко ги преработува вештачките засладувачи како што се сорбитол, кој се содржи во многу гуми за џвакање. Сорбитолот може да е причина за гасови и дури за дијареја.

Оние денови од месецот

Ако стомакот ви отекува пред и за време на циклус, зголемете го внесот на калциум – 1,200 мг на ден и магнезиум – 200 до 400 мг на ден. Докажано е дека и двете хранливи материи ги ублажуваат ПМС симптомите.

Не го игнорирајте магдоносот

Додадете свеж магдонос кон јадењата и ќе се радувате на рамно стомаче.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/maxresdefault-860x484.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/maxresdefault-160x160.jpgDijana IlievaСтомакЗдравјеДали сте подготвени да го покажете рамниот стомак? Еве 6 совети кои ќе ја спречат подуеноста и ќе ве избават од тежината во стомакот. Јадете храна која е богата со калиум Овој минерал ги регулира течностите во телото. Храна богата со калиум: банани, диња, манго, спанаќ, домати, ореви, аспарагус. Вечер без јаглехидрати Скробот...Секој ден нешто свежо