Пазарењето за намирници може да биде голем предизвик, особено ако сте навикнати на одредени навики кои ве тераат залудно да трошите време и пари. Добрата вест е дека потребно е само малку дотерување на нашите навики за да  ги надминеме вообичаените пречки со кои се соочуваат повеќето купувачи и да заштедиме пари што ќе ни се најдат во иднина.

Ние ги избравме најчестите грешки што ги прават луѓето кога одат на шопинг и проблемите со кои се соочуваат како резултат на тоа.

1. Пробување „бесплатни примероци“

Многу бизниси нудат бесплатни примероци за промовирање на некои производи и подобрување на искуството на купувачот. Повремено, ова ја поттикнува желбата да купите производ што всушност не ви е потребен и води до импулсно купување, особено ако не го планирате купувањето однапред.

2. Пречесто одење на шопинг

Треба да размислите за неделни или месечни пазарења, имајќи ги предвид производите што обично ги користите или јадете секој ден. Одењето во супермаркет еднаш неделно може да ви помогне во случај да имате храна која наскоро може да се расипе. Од друга страна, одењето еднаш месечно ќе ви помогне да заштедите на бензин и патни трошоци.

3. Купување од импулс, а не од потреба

Треба да купуваме храна, средства за хигиена и лекови за нашиот секојдневен живот. Меѓутоа, кога купуваме производ само за да го имаме и овој процес се повторува неколку пати, тогаш купуваме од импулс. Ова обично се случува кога, на пример, одиме на шопинг со празен стомак. Кога сме гладни, уште повеќе ги посакуваме тие слатки покрај касата. Одличен начин да го избегнете ова е со одење во супермаркет после јадење.

Друга препорака е однапред да го планираме купувањето за да не мораме да се враќаме во продавницата за тој „заборавен продукт“, бидејќи на крајот може да заминеме со повеќе производи отколку што сме сакале да купиме. Препорачливо е да направите  список со намирници што ќе ви помогне да дадете приоритетите на најважните работи, имено храната и средствата за чистење.

4. Купување големи количини

Секогаш кога купуваме спакувани производи во големи количини, се чувствуваме како да заштедуваме пари. Сепак, овие производи може да ја кријат вистинската цена и понекогаш може да завршиме со фрлање на лесно расиплива храна. Затоа треба да ги преземеме неопходните мерки кои навистина ќе ни помогнат да заштедиме пари и време, како купување на помали пакети.

5. Дозволувате изгледот да ве измами

Кога станува збор за овошјето и зеленчукот, многумина од нас се занесуваат по изгледот. Ние веруваме дека „убавото“ е еднакво на квалитет, но во случајот на овие производи, има многу повеќе што треба да се земе предвид, бојата, мирисот, цврстината и големината се исто така  важни.

Покрај тоа, многу продавници го полираат овошјето за да изгледа поубаво. Затоа, пред да изберете производ што изгледа убаво и сјајно, треба да го мирисате и да го допрете за да бидете сигурни дека е зрел.