Микробрановата веќе кај многумина стана дел од секојдневието, што дури и подготовката на некои јадења, не може да се замисли без овој домаќински апарат.

Но, дали сепак  може да затоплиме сè во истиот? Бројни тестирања докажаа дека некои производи само губат дел од нивните хранливи својства доколку ги загреваме во микробрановата рерна, но други пак стануваат опасни по нашето здравје.

Микробрановата печка може да ја промени структурата на производите на молекуларно ниво, поради што се зголемува и нивната внатрешна температура и вкусот драстично се променува, при што некои производи воопшто не треба потоа ниту да се консумираат.

Еве кои 5 производи никогаш не треба да ги затоплуваме во микробранова печка, кои можат да станат дури и смртоносни по здравјето на луѓето:

1. Говедско месо

Промените при затоплувањето доведуваат до деформација на неговите протеини и масти и се зголемува нивото на канцерогеното соединение т.н нитрозодиентоламин.

2. Млеко

Под дејство на микробрановата топлина, аминокиселините во млекото се претвораат во токсични материи, кои му штетат на нервниот систем и бубрезите.

3. Зрнеста храна

При затоплувањето се ослободуваат слободните радикали т.е молекулите без електрони, кои лекарите ги нарекуваат „вампири“. Внатре во телото се обидуваат да создадат своите клетки, на сметка против здравите клетки и тие штетно влијаат на организамот, поттикнувајќи ги клеточните мутации со нивните канцерогени својства.

4. Замрзнати плодови

При затоплувањето, плодовите го губат своето количество на витамин Ц и останатите корисни својства. Особено негативно се засегнати јагодите, боровинките и црешите. Истовремено, пример, при затоплувањето на модрите патлиџани, се зголемува количеството на токсичен алкалоид соланин во нивниот состав.

5. Храна во пластични садови

Повеќето вработени ја имаат оваа навика, да затоплуваат храна која ја носат во пластични садови. Тоа всушност е многу штетно, бидејќи поради температурата, од пластиката се оделуваат канцерогените својства и навлегуваат во храната, а потоа истите се консумираат. Тоа доведува до нарушување на ендокриниот систем и го поттикнува развојот на рак.