Се наближува долгоочекуваната празнична ноќ, во која ќе зрачиме со позитивна енергија, многу љубов и одлични планови за блескава иднина. Секој избира на кој начин и каде ќе ја прослави новогодишната ноќ.

Според народните верувања, постојат 5 работи кои ќе ви донесат многу среќа во новата година, доколку ги направите токму за време на новогодишната ноќ.

Во продолжение прочитајте за што станува збор:

1. Изедете 12 зрна грозје, точно колку што има месеци во годината

Овој обичај најчесто традиционално се практикува во Шпанија, а се смета дека истиот ќе ви донесе среќа, така што годината воедно ќе ја започнете со освежувачки вкус.

2. На полноќ, бакнете го вашиот сакан или сакана

Овој обичај се верува дека припаѓа на англиската и германска традиција, а воедно означува дека првата личност со која ќе бидете во контакт на полноќ, ќе биде истата личност со која во новата година ќе делите прекрасна судбина.

3. Качете се на стол

Во Данска, во текот на новогодишната ноќ, луѓето имаат обичај да се качуваат на стол, бидејќи се верува дека на овој начин ги протеруваат злите духови и ја привлекуваат среќата.

4. Отворете ги прозорците и вратите

Овој обичај го практикуваат на Филипините и се смета за најправилниот начин да ја испратите старата година со сите негативни работи и проблеми, а да ја дочекате новата година.

5. Облечете се во бело

Во Бразил се смета дека оној кој ќе биде облечен во бела боја за време на новогодишната ноќ, во новата година ќе биде опкружен со многу среќа и бројни успеси.