Еден од најголемите проблеми во современото општество е несоницата. Покрај секојдневно лошо расположение, таа доведува и до влошување на здравјето, нарушена концентрација и последици врзи психичкото здравје.

Покрај стандардните решенија како консумирањето билен чај пред спиење, да не ги користиме паметните уреди и слично, истражувањата покажуваат и дека одредени собни растенија придонесуваат за значително подобрување на квалитетот на сонот.

Еве кои се зелените помошници во борбатат против несоницата:

1. Гербер

Впечатливо и прекрасно, ова цветно растение ослободува кислород во текот на ноќта, што го прави идеално за освежување на затворениот простор во тоа време. Со тоа ви овозможува полесно да дишете, додека спиете.

2. Лаванда

Природен помошник на сонот, лавандата веќе стотици години е најчестото користено средство за ароматерапија. Доволно е само да ја помирисате нејзината чудесна арома за возврат да добиете чувство на спокојност.

3. Јасмин

Со егзотичен мирис и деликатни бели цветови, јасминот внесува радост во домот со секое време од денот. А според најновите истражувања, истиот може да ви помогне да спиете многу подобро и поквалитетно.

4. Алое вера

Заедно со непроценливите придобивки за кожата и здравјето, алое верата од НАСА е прогласена за најдобриот природен прочистувач на воздухот. Листовите од ова чудесно растение испуштаат кислород во текот на ноќта и притоа содржат силни антиоксидантни состојки.