Според фенг-шуи верувањата, во домот може да има негативна енергија, која ќе влијае врз самото семејство кое живее таму и неговата среќа. Но, без грижи, постојат одредени предмети кои може да ви помогнат да се ослободите од ваквата енергија и целосно да го заштитите вашиот дом.

Еве кои 4 предмети ќе ве заштитат од зло, ќе привлечат среќа и добро во домот и ќе го отворат патот кон вашиот успех:

1. Зелени растенија

Се верува дека во секоја просторија од домот е неопходно да има зелено растение, кое влијае позитивно врз енергијата на домот, а колку повеќе билки одгледувате, толку поголема ќе биде вашата среќа.

2. Бел мебел

Белиот мебел ја привлекува позитивната енергија и затоа колку повеќе мебел во бела боја имате во домот, толку повеќе ќе ја чувствувате позитивната и хармонична енергија од секој аспект на вашиот живот.

3. Ќилими

Според некои верувања, не треба да има просторија во домот без ќилим, бидејќи истиот помага во задржувањето на позитивната енергија во домот.

4. Ловец на соништа

Речиси секој знае како изгледа т.н ловец на соништа, со впечатливите перја. Истиот се поставува над креветот во кој спиеме, а се верува дека ги лови лошите соништа и ни помага да се чувствуваме повеќе позитивно и среќно.