Кога машината за алишта ќе започне да мириса лошо, штом ја отворите истата, тогаш станува збор за вообичаеното замастување на уредот, кое настанало со наталожување на разни нечистоии.

Постојат два типа на замастување на машината за алишта: Наслаги и бигор.

Важно е да знаете дека лошиот мирис лесно може да се појави и кај сосема нова машина за алишта. Во продолжение откријте како да се ослободите од овој непријатен проблем, употребувајќи едноставни домашни средства:

1. Замастување на гумената обвивка на самиот отвор

Во гумената обвивика на отворот лесно може да се наталожат масни честички или влакна како остатоци од облеката, што резултира со одлична средина за развивање на габите и бактериите.

За време на перењето, не сите габи и бактерии умираат, особено доколку имате навика да ја вклучувате машината на ниски температури. На овој начин, гумената обвивка ќе добие потемна боја, пропратена со силна непријатна миризба.

За да се ослободите од наслагите, најпрво дезинфицирајте ја површината и избришајте добро. Но, не употребувајте хлор, за да не ја оштетите гумата.

Истовремено, се препорачува вратата на машината да ја оствате отворена, по завршувањето на секој циклус на перење.

2. Нечистотија во садот за додавање детергент

На површината на садот во кој ги додавате производите за перење на алиштата, може да видите тенки слоеви и остатоци од детергентите кои сте ги користеле претходно, а во кои се развиваат бројни бактерии. Причината за нивната појава во овој дел од машината е тоа што истиот никако не доаѓа во допир со топлата вода и не постои начин како бактериите да бидат убиени.

За таа цел, ќе ви биде потребна четка, за да добро го исчистите садот. А потоа истиот исплакнете го со оцет, кој ефикасно ќе ги убие бактериите и ќе го освежи целиот овој дел.

3. Бигор по грејачите

При недоволно количество на вода, на грејачите се наталожува бигор. Овој вид на наслаги го намалува квалитетот на испирање и може штетно да влијае врз машината за алишта.

За ефикасно чистење на грејачите, употребете лимонска киселина. За оваа постапка, неопходно е да исипете 200 гр лимонска киселина во садот за ставање прашок за перење и да ја вклучите машината на максимална температура.

4. Прочистување на филтерот за испуштање

При филтерот за испуштање може да најдете огромно количество на образувања од влакната од алиштата. Затоа подгответе сад, ракавици и четка. Отворете го филтерот, а притоа поставете крпа одоздола, бидејќи најверојатно ќе се излее мало количество на вода. Прочистете го филтерот со четка.

А како превенција, се препорачува оваа постапка да ја повторувате на секои 3 месеци.