Според многу научници и експерти, коефициентот на интелигенција кај многу луѓе може со текот на времето да се зголеми, а исто така бројни истражувања докажуваат дека следните 3 клучни фактори се всушност показател за исклучително висока интелигенција!

1. Смисла за хумор

Добрата и одлична смисла за хумор е првиот знак кој открива дека станува збор за интелигентна личност. Некои научници ова тврдење успеаја и да го поткрепат и со статистички податоци. Меѓу другото, научно докажано е и дека луѓето кои ги претпочитаат црниот хумор имаат највисок коефициент на интелигенција.

2. Танцување

Одамна е докажано дека танцувањето има позитивен ефект врз нашето здравје и тело. Но, група експерти и научници од различни американски универзитети откриваат и дека луѓето кои најмногу обожаваат или се најдобри во танцувањето на салса исто така имаат висока интелигенција, која особено се поврзува со визуелниот дел од мозокот.

3. Консумирање риба

Универзитетот во Пенсилванија открива дека консумирањето морски плдови и риба еднаш неделно има искучително позитивно влијание врз коефициентот на интелигенција кај луѓето. Откриено е и дека оние кои повеќе консумирале риба во детството се поумни од оние кои ја немале таа навика. Ова тврдење се поткрепува со фактот дека овој вид на храна го подобрува квалитетот на сонот и конгитивните способности.