Стриите лесно може да се појават кај секого, подеднакво и кај мажите и кај жените, но факт е дека дамите се повеќе засегнати и обрнуваат внимание на оваа појава, поради нејзиниот изглед. Токму за оваа цел денес ви откриваме како на природен начин да се ослободите од истите!

1. Јајца

Јајцата се богат извор на протеини. За стрии, користете само белки од јајца, кои содржат аминокиселини и протеини. Изматете ги белките лесно со вилушка. Исчистете ги зафатените области на кожата со вода и потоа нанесете дебел слој од белките со соодветна четка. Оставете ги целосно да се исушат, а потоа исплакнете ја областа со ладна вода. Потоа нанесете маслиново масло на кожата за да истата остане хидратирана. Практикувајте го третманот секој ден, најмалку две недели и ќе забележите позитивни резултати.

2. Рицинусово масло

Рицинусово масло, кое се користи во третманите за бројни проблеми со кожата како што се брчки, старосни дамки, бенки, темни дамки и мозолчиња, исто така може да се користи и против стрии. Нанесете погуст слој на рицинусово масло врз стриите и нежно масирајте ја областа со кружно движење, за 5 до 10 минути. Потоа, завиткајте ја областа со памучна крпа и држете ја затоплена барем половина час, користејќи шише топла вода. Повторувајте го овој процес секој ден или неколку пати неделно и за најмалку еден месец ќе забележите позитивни резултати.

3. Компир

Сокот од компир содржи витамини и минерали кои го стимулираат растот и обновата на клетките на кожата.. Земете едно парче компир и нежно масирајте ја областа со стрии неколку минути. Оставете го сокот од компир да се исуши и по неколку минути исплакнете со млака вода.