Не секоја дама може да се пофали дека има природно права коса, како што би посакувала, а при влажно време е особено тешко истата да ја задржиме како таква.

Токму за оваа цел, во продолжение ви откриваме 3 лесни трикови како да ја задржите вашата коса да биде права подолго време, при неповолни временски услови:

1. Сушење со ладен воздух по нејзиното исправување

Исправувањето на косата може да биде навистина долга и здодевна процедура, а последното нешто што би сакале е истата повторно да стане брановидна или со мали локни, откако сме поминале часови обликувајќи ја со преса за коса. Затоа, откако ќе ја исправите, земете една голема мека четка и исчешлајте ја косата, додека истовремено ја сушите со ладен воздух, со фенот.

2. Алатки за специјална помош

Станува збор за шноли кои лесно може да ги носите во вашата чанта, и да ги искористите кога ќе имате потреба за исправување на корените на косата. Со шнолите зацврстете го оној дел од косата кој сакате да остане исправен и така косата подолго време ќе ја задржи нејзината исправена форма.

3. Темелно исправување

Друг исклучително важен фактор кој влијае врз тоа колку долго вашата коса ќе остане исправена е начинот на кој ја исправувате. Единствениот начин косата да остане подолго време исправена, е внимателно и темелно да ја извршите процедурата, независно дали ќе користите фен или преса за коса.