Се подразбира, повеќето од нас, во текот на зимскиот период, ја занемаруваме негатата на стапалата, поради фактот што истите, поглемиот дел од времето, се сокриени под дебели чорапи.

Но, ете сега веќе ни доаѓа убавото време, како и најомилената, летна сезона, во која најчест избор за обувки се апостолки и сандали, односно чевли со отворен дизајн при кој петите се гледаат. А нема ништо понепријатно од стапала со груби и испукани пети, зарем не?

Токму за оваа цел, денес ви ги претставуваме 3-те најдобри домашни рецепти за груби пети, со кои вашата кожа повторно ќе стане бебешко мека!

1. Морска сол + кокосово масло

Во соодветен сад измешајте морска сол и кокосово масло во сооднос 2:1. Воедно додадете 3-4 капки од вашето омилено етерично масло за попријатна арома и со добиената смеса направете ексфолијација од неколку минути на вашите пети.

2. Кафеав шеќер + сода бикарбона

Во соодветен сад измешајте 1 супена лажица кафеав шеќер и 1 супена лажица сода бикарбона, а потоа кон добиената смеса додадете и 1 супена лажица зејтин и 2-3 капки етерично масло. Нанесете ја добиената смеса и масирајте ги петите неколку минути со истата. На крај измијте ги стапалата со ладна вода, намачкајте со крема и облечете чорапи.

3. Банана или авокадо

За ваквиот пилинг, нема да ви бидат потребни никакви други состојки, односно, едноставно земете банана или авокадо, по ваш избор и истите изгмечете ги. Добиената смеса нанесете ја на петите и масирајте, а потоа исплакнете со вода.