Повеќето луѓе веруваат дека косата кај жената е знак на старост и избледнување на нејзината убавина. Но, еден Инстаграм профил е создаден токму да го докаже спротивното и да испрати моќна порака. Во прилог прочитајте за што станува збор.

26-годишната Марта Труслоу Смит ја нема бојадисано својата коса веќе 2 години и воедно, самата е поборник на стереотипите дека сивата коса означува нешто спротивно од убавина.

За таа цел, Марта се досетила на идејата да креира Инстаграм профил каде жени со сива коса гордо ќе ја покажат својата убавина и притоа, ќе објаснат на кој начин животот им се сменил со промената на бојата на косата.

1. “Ја немам бојадисано косата веќе 4 години и ја обожавам мојата сива боја!”

2. “Тешко ми беше да ја прифатам сивата коса на 13 години, но сега на 23 научив да ја сакам”

3. “Да бидам вистинската јас, допирајќи ги моите сребрени локни, е најдобрата одлука што некогаш сум ја донела во животот!”

4. “Сивата коса ми го смени животот. Сега имам сосема нов поглед на стареењето.”

5. “Престанав со бојадисување на мојата коса кога имав 32 години и се заљубив во мојата природна сива боја”

6. “Имав алергиска реакција на фарбата за коса. Тоа беше знак да започнам да бидам тоа што навистина сум. Имам 42 години и не се грижам за туѓите мислења.”

7. “Кога бев сериозно болна 4 месеци, во тој период воопшто не ја бојадисував косата и решив воопшто никогаш повторно да не го направам тоа. Пресреќна сум за мојата одлука!”

8. “Мислам дека е време да ги срушиме стереотипите дека сивата коса нè прави постари.”

9. “Имам 52 години и ја немам бојадисано својата коса веќе 2 години. Никогаш се немам почувствувано толку жива!”

10. “Имам 55 години и се прашувам кога луѓето одлучуваат да престанат да ја бојадисуваат својата коса. На 65, 75 години? Сите старееме. Зошто мораме да следиме правила?”

11. “Никогаш ја немам бојадисано својата коса, ниту помислувам да го направам тоа. Се сакам себе си вака, а сивата е најубавата боја во мојот живот. Пресреќна сум!”

12. “Луѓето често ми велат дека посакуваат да бидат храбри како мене. На тоа им одговарам, едноставно да престанат да купуваат лаги кои ги прекриваат нивните вистински личности!”

13. “После 22 години бојадисување коса, решив да престанам. Си направив пикси фризура и не жалам за ништо.”

14. “Оставањето сивата коса да ми порасне на 43 години беше една од најхрабрите работи што сум ги направила во мојот живот.”

15. “Поминаа 9 години откако последно ја бојадисував мојата коса.”

16. “Едноставно и елегантно, зарем не?”

17. “Одлучив веќе да не ја бојадисувам својата коса пред 4 години, кога дознав за мојата четврта бременоста. Никогаш не сум била посреќна!”

18. “Имам 47 години и веќе 2 години сум ослободена од фарбите за коса. И да, тоа се моите природни локни.”

19. “Веќе 2 години не носам фарба. Имам 29 години и ако и вие како мене сте изморени од прикривање на сивите корени, тогаш дајте и на природата втора шанса.”

20. “Започнав да ја бојадисувам косата кога бев осмо одделение. Пред 3 години престанав и морам да признаам, се чувствувам среќно што сребрените нијанси му одговараат на моето лице.”

21. “Не е поената дали изгледаш младо или старо, подобро или полошо, туку дали си спремен да се прифатиш себе си онаков каков што си и да ги прифатиш подароците на стареењето.”

22. “5 месеци од моето последно бојадсување. Не можам да бидам посреќна!”