Дамите со тенка коса најдобро знаат дека секојдневното одржување на овој тип на коса понекогаш навистина знае да биде невозможна мисија, поради склоноста кон почесто мастење, како и недостатокот на природен волумен.

Покрај разните третмани, маски за коса и специјални шампони, фантастична идеја како да имате совршен волумен е изборот на правилна фризура, а токму следните 15 модерни фризури, според светските модни експерти, важат за најдобрите за тенката коса!