Брчките и сивата коса обично се сметаат за лоши и непожелни. За жал, во денешно време многу жени живеат водени од ова мото. Но, колку и да се трудиме, нашите емоции оставаат траги на нашите лица со текот на времето.

И силна борба за нивно елиминирање, до одреден степен, значи бришење на нечија индивидуалност. Затоа денес ви откриваме кои славни дами се доволно храбри да ги оспорат денешните стереотипи и целосно да ја прифатат природната убавина и природното стареење:

1. Емилија Кларк, 34 години

Емилија не се обидува да ги сокрие видливите брчки на нејзиното чело. Актерката открива дека никогаш не пробала радикални естетски третмани, туку секогаш избира лесни масажи, не носење шминка и да ја одржува кожата хидрирана.

2. Гвинет Палтроу, 48 години

Актерката има филозфски пристап кон стареењето. Таа воошто не негира дека има брчки и бели влакна, туку сосема спротивно, вели дека тоа е вистинската Гвинет и се обожава таква каква што е!

3. Александра Грант, 47 години

Александра одбива да ја бојадисува косата, иако започнала да има бели влакна уште на 30-годишна возраст. Таа се обидува да ја едуцира јавноста од високата штетност што ја имаат фарбите за коса.

4. Наталиа Водјанова, 38 години

Наталија речиси секогаш во јавноста се појавува со сосема природен изглед, кој вклучува минимална шминка. Супермоделот едноставно не се срами од нејзиниот вистински изглед.

5. Ума Турман, 50 години

Ума верува дека сите ние треба да ја прифатиме нашата возраст.

6. Камерон Дијаз, 48 години

Според Камерон, колку помалку мислиме на старењеето, толку подобро изгледаме, бидејќи не поминуваме време да се грижиме за тоа.

7. Сара Џесика Паркер, 55 години

Паркер вели дека не постои ништо лошо во тоа да ги покажеме белите влакна на косата и брчките на лицето.

8. Натали Портман, 39 години

Портман гордо ги прифаќа сите нејзини несовршености и знаците кои ги носи стареењето.

9. Ева Лонгорија, 45 години

Ева е уште една од низата славни дами кои не се плаши, ниту срами почесто во јавноста да излезе без шминка, во сосема природно издание.

10. Кејт Винслет, 45 години

Винслет неколку пати има изјавено дека никогаш нема да направи ниту една пластична операција.

11. Кејт Бланшет, 51 година

Винслет исто така има изјавено дека никогаш нема да направи никаква естетска корекција и дека го обожава нејзиниот изглед.

12. Рејчл Вајс, 50 години

Вајс смета дека било каква пластична операција ќе го „замрзне“ нејзиното лице, што негативно ќе се одрази на нејзиниот актерски талент и професија.

13. Дру Баримор, 45 години

И Дру има сосема филозофски пристап кон стареењето и уште сега ги учи нејзините млади ќерки секогаш да се сакаат такви какви што се.

14. Ема Томсон, 61 година

Ема како и останатите ѕвезди гордо го прифаќа природното стареење и се противи на пластичната хирургија.