Како и сè друго на овој свет, ерата на модерната технологија има и свои предности и недостатоци. Откако веќе најголем дел од нашата комуникација се одвива преку Интернет, речиси и да немаме можност да ги осознаеме вистинските чувства на  луѓето.

Воедно, веќе и поретко знаеме како да ги изразиме нашите чувства, особено кога станува збор за љубовта. Добрата бест е што нашите гестови може да откријат многу повеќе за нас и истовремено можеме да ги прочитаме како сигнали, кога станува збор за нашиот соговорник.

Денес ви откриваме како може да ги запознаете вистинските чувства на мажот, без истиот воопшто да каже ниту збор.

1. Кревање на веѓите

Дали ги крева веѓите секогаш кога ве гледа? Доколку му се допаѓате, му се допаѓа сè што гледа и слуша од вас, при што потсвесно сака повеќе од вас. Ова е причината што тој ги отвора очите пошироко и како резултат на тоа, веѓите исто така се креваат.

2. Влажни раце

Влажните раце може да бидат знак дека му е топло или дека е нервозен кога вие сте во негова близина. Можеби се плаши да направи погрешен чекор и да уништи сè или да каже нешто здодевно што исто така може да ве разочара. Сето ова води кон зголемено ниво на нервоза и како резултат на тоа, неговите раце стануваат влажни.

3. Се наведнува кон вас

Иако ова може да биде очигледен знак, истиот кажува многу. Ситуацијата е различна кога поминувате време во бучна просторија или преполн бар, но доколку тој ве слуша совршено, а сепак го потпира и наведнува неговото тело кон вас, тоа значи дека тој сака да слушне сè што ќе кажете и не сака да пропушти ниту еден ваш збор.

4. Притискање на дланката

Доколу забележите дека ја притиска вашата дланката наспроти неговата, тоа ја покажува неговата внатрешна желба да се поврзе со вас уште повеќе. Неговите испреплетени прсти со вашите го имаат истото значење.

5. Ширење на нозете

Овој гест може да биде знак на доверба (или лоши манири). Оваа позиција е ранлива за мажите и со тоа што седи на овој начин, тој ја покажува својата доверба кон вас под услов да не ве прави да се чувствувате непријатно. Зошто би го сторил тоа доколку не се интересира вас?

6. Длабоки вдишувања

Дали зема длабок здив кога и да ве види? Причината не само што се крие во потребата да се добие повеќе кислород, туку е и во неговата желба да ги направи градите да изгледаат поголеми, а половината помала. Тој се обидува потсвесно да изгледа привлечно за вас.

7. Контакт со очите

Похрабрите момци не се чувствуваат срамежливи за да одржуваат долг контакт со очите.. Покрај тоа, луѓето имаат тенденција да ја гледаат личноста што ја сакаат кога се смеат, затоа следниот пат, обратете добро внимание на погледот.

8. Допирање на вратот

Ова е уште еден знак дека тој е нервозен кога сте наоколу. Многу луѓе прават нешто со рацете кога и да се чувствуваат нервозни. Сепак, бидејќи не сака да го забележите тоа, тој се обидува да го стори тоа на помалку очигледен начин.

9. Искрена насмевка

Мажите имаат тенденција да имаат повеќе воздржани насмевки во текот на растењето, но кога поминуваат време со личност што им се допаѓа, тоа предизвикува на нивното лице да се појави искрена насмевка.

10. Неговиот глас се менува

Ако тонот на неговиот глас се смени во посладок, помек, кога тој ви се обраќа. можете да бидете сигурни дека сте на неговата листа на омилени личности. Тој исто така може да почне да зборува побавно кога комуницира со вас, затоа што се чувствува пријатно и опуштено.