Почетокот на средните години е критична точка во животот. Според Кен Фокс, професор по здравствена наука на Универзитетот Бристол, во средината на 40-тите, мускулната маса почнува да се намалува, а маснотиите почнуваат да се зголемуваат. Ова може да доведе до дебелина, дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со срцето, мозочен удар и некои форми на рак.

1. Не дозволувајте вашиот метаболизам да се забави

Кардио со добар интензитет го стимулира нашиот метаболизам, што е повеќе од неопходно по одредена возраст. Значи, за да се спречи забавување на метаболизмот, треба да ја извршуваме оваа вежба еднаш или двапати неделно. Започнете со еден сет од 3 повторувања и додајте уште едно повторување секој пат.

2. Одржувајте ја цврстината со „чучњеви“

Правилно направени „чучњеви“ (со исправен грб и колена веднаш над нозете) можат да го поттикнат целото тело и да спречат повреда со подобрување на вашата флексибилност.

3. Да се борите и спречите болки во грбот правете пленк(штица)

Вршење на оваа вежба за 90 секунди 3 пати неделно е одличен начин да ги тонирате сите основни мускули на телото.

4. Заштитете се од артритис, кревајте тегови

Хроничната болка во зглобовите може да ги нападне возрасните лица па никогаш не е прерано да почнете да го спречувате тоа и еден од најдобрите начини да го направите тоа е со кревање на тегови. Вие не треба да поминувате часови во подигање големи тегови. Мали тегови од по 1-3 кг во секоја рака 2-3 пати неделно можат да направат чуда за вашето тело.

5. Да се одморат мускулите на задникот направете мост

Постојаното седење ќе ги деактивира мускулите на задникот. Оставете ги рацете по должината на страните, притискајте ги мускулите на задникот за да ги кренете колковите и уште еднаш ги притиснете на врвот, а потоа полека спуштете ги колковите надолу.

6. Живејте активно-Пешачете

Пешачењето е наједноставната и најдобрата вежба која секој може да ја направи. Додека согорува калории, го тонизира нашето тело и го подобрува нашето расположение.