Зошто прекумереното седење е сериозно штетно за вашето здравје и што да направите за да го спречите
Современото општество е дизајнирано за седење. Како резултат на тоа, луѓето поминуваат повеќе време во седечка положба од кога било досега. Сепак, неодамнешните студии покажуваат дека сето ова прави многу повеќе штета отколку што мислиме. Оваа статија истражува зошто седењето е сериозно лошо за вашето здравје и зошто сите имаме потреба од справи кои ќе ни помогнат што поскоро да си помогнеме на себе и нашите најблиски.
Луѓето седат многу повеќе од кога било порано
Помислата дека седењето може да биде штетно на прв поглед изгледа смешно. Седењето е стандардно држење на телото, а кога луѓето работат, се дружат, учат или патуваат, тие често го прават тоа во седечка положба. Тоа е втора природа.
Сепак, тоа не значи дека седењето е безопасно. Слично е со јадењето, неопходно е но доколку се прави во прекумерени количини е штетно. Половина од денот на просечниот човек поминува во седење, како што е возењето, канцелариска работа или гледањето телевизија.
Всушност, типичниот канцелариски работник може да потроши до неверојатни 15 часа дневно во седење. Земјоделските работници, од друга страна, седат само околу 3 часа на ден.
Седењето ја ограничува количината на калории што ги согорувате
Нашите секојдневни активности кои не вклучуваат вежбање исто така помагаат во согорување калории. Оваа потрошувачка на енергија е позната како термогенеза, чиј недостаток е важен фактор на ризик за зголемување на телесната тежина.
За да се изведе ова во перспектива, истражувањата покажуваат дека земјоделските работници може да изгорат до 1.000 повеќе калории дневно отколку канцелариските работници. Ова е затоа што земјоделците го поминуваат поголемиот дел од своето време во одење и стоење, наместо да седат на стол.
Не велиме дека канцелариските работници треба да дадат отказ од работа и сите да станат земјоделци или пак градежни работници, туку дека едноставно треба да преземат мерки кои ќе му помогнат на телото да ја добие потребната „доза“ на вежби, како што е трчањето или орбитрекот, кој ги согорува маснотиите, го раздвижува телото и во исто време не заморува премногу, така што сакаат да го користат луѓе од различни генерациии без разлика на телесната тежина.
Седењето се поврзува со рана смрт
Набљудувачките податоци од повеќе од 1 милион луѓе покажуваат дека колку сте повеќе седите толку е поголема веројатноста дека ќе умрете рано. Всушност луѓето кои седат повеќе имале 22-49% поголем ризик од предвремена смрт.
Сепак, иако повеќето докази го поддржуваат овој наод, една студија не утврдила поврзаност помеѓу времето на седење и вкупната смртност. Оваа студија има некои недостатоци, кои најверојатно објаснуваат зошто се контрадикторни со сите други истражувања во областа.
Седентарното однесување е поврзано со болести
Седентарното однесување е постојано поврзано со повеќе од 30 хронични болести и состојби. Ова вклучува 112% зголемување на ризикот од дијабетес тип 2 и зголемување на ризикот од срцеви заболувања за 147%.
Инсулинската резистенција – клучен двигател на дијабетес тип 2 – е посебна област од интерес за оние кои го истражуваат седентарното однесување. Истражувањата покажаа дека пешачење помалку од 1.500 чекори дневно, или седење на долги периоди без намалување на внесот на калории, може да предизвика големо зголемување на инсулинската резистенција.
Истражувањата покажаа дека одење на помалку од 1.500 чекори дневно, или седење на долги периоди без намалување на внесот на калории, може да предизвика големо зголемување на инсулинската резистенција.
Дизајнирање на свет „врзан за стол“ беше грешка
Современите луѓе трошат многу време во седење, и сега почнуваат да сфаќаат колку е лошо тоа за здравјето. Ние не велиме дека никогаш не треба да седите и да се релаксирате туку дека треба да се обидете да го минимизирате времето што го поминувате седејќи во текот на работниот ден, а кога ќе се вратите дома да вежбате барем 30 минути на справи кои ќе овозможат да ги раздвижите сите делови од вашето тело.
Runners нуди голема палета на справи за вежбање кои ќе ви помогнат да се борите со вишокот на калории и со седентарниот начин на живот. „Орбитрек“ и „Орбитрек Хамер“ се две одлични справи со кои ќе заборавите на седењето и мрзеливоста. Можете лесно да ги сместите во секој дел од вашиот дом за да ви бидат при рака секогаш кога ќе посакате да се раздвижите.